17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Немаме време за сè, а eве како ќе ги информирaме партнерите...

Трамп: Немаме време за сè, а eве како ќе ги информирaме партнерите за новите царински стапки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека во наредните недели, Вашингтон еднострано ќе ги информира бројните трговски партнери за новите царински стапки, бидејќи САД немаат капацитет за поединечни договори со секоја земја.

Зборувајќи со бизнис лидерите за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати, Трамп рече дека во моментов е „невозможно“ да се водат разговори со 150 земји кои сакаат договор со САД, објавува Гардијан.

„Имаме 150 земји кои сакаат да склучат договор, но не сме во можност да ги примиме сите“, рече американскиот претседател.

Според него, американскиот министер за финансии Скот Бесант и министерот за трговија Хауард Лутник ќе почнат да испраќаат писма во рок од две до три недели во кои јасно ќе наведат кои царински тарифи ќе се применуваат за увоз на стоки од тие земји во Соединетите Американски Држави.

Оваа изјава доаѓа откако Трамп прогласи „Ден на ослободувањето“ на почетокот на април и воведе универзална царина од 10 проценти за сите странски производи, предизвикувајќи бурни реакции на пазарите.

Поради притисокот, Белата куќа потоа привремено олесни некои мерки – Европската Унија беше ослободена од реципроцитет, беше потпишан договор со Велика Британија за намалување на царините, додека со Кина беше договорена тримесечна пауза.

Вашингтон, сепак, сега јасно става до знаење дека приоритет во билатералните преговори ќе им се даде на најважните трговски партнери како што се Индија, Јапонија и Јужна Кореја, додека разговорите со Европската Унија сè уште се во тек, додава лондонскиот весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП