7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Семеен албум“

Промоција на книгата „Семеен албум“

семеен-албум

Во мултимедијалниот културен центар Матица, во Паркот на книгите, во среда, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Семеен албум“ од проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Во своето најново дело познатата македонска авторка и универзитетски професор пишува за современи теми врзани со книжевниот Балкан и за местото на македонската литература и култура во него.

За научните и творечки пораки на „Семеен албум“ ќе говори проф.д-р Ангелина Бановиќ Марковска. Фрагменти од книгата ќе читаат студентите од катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Марија Костадиновска и Елена Остреска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП