15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворање на изложбата „Свадбени приказни“

Отворање на изложбата „Свадбени приказни“

свадбени-приказни

Во среда, во 20 часот, во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Свадбени приказни“.

На изложбата ќе бидат претставени креациите на студентите на Факултетот за архи-дизајн при Европскиот универзитет. Изложбата произлезе како придобивка од работилницата насловена „Модата и културното наследство“, која се одржа во мај 2015 година како соработка помеѓу трите институции.

Во работилницата која ја водеа стручни лица од Велика Британија, покрај студентите од Факултетот за архи-дизјн, земаа учество и кустоси од Музејот на Македонија и од неколку други музејски институции од земјата.

Отворањето на изложбата ќе го означи и почетокот на Модниот викенд Скопје, кој ќе биде организиран во Музејот на Македонија од страна на Модна недела корпорација од 23 до 25 октомври 2015 година.

Изложбата се реализира како заеднички проект на Музејот на Македонија, Британскиот совет и Европскиот универзитет, а врз основа на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за култура и Британскиот совет во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП