27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПопладневната дремка поволно делува на помнењето

Попладневната дремка поволно делува на помнењето

dremka

Малата дремка во текот на денот позитивно делува на помнењето бидејќи ги подобрува нашите конгнитивни способности, тврдат швајцарските научници.

Краткиот сон во текот на денот е нешто што луѓето најчесто го практикуваат за време на викендот, а што не е на одмет да го прават и во текот на неделата, под услов да имаат време за тоа.

Студијата на истражувачите од Универзитетот во Женева, објавена во магазинот eLife, покажа дека таа мала дремка има особено благотворно дејство на меморијата.

Имено, дремката ни овозможува трајно да ги забележиме во мозокот информациите кои претходно сме ги собрале.

За да го проучат делувањето на дремката на нашиот мозок, швајцарските експерти ги следеа реакциите на 3о волонтери поделени во две групи.

На првата група и било дозволено да отспие 90 минути, додека другата група морала да остане будна.

Подоцна, на тестовите за меморија, волонтерите кои имале прилика за дремка покажале не само подобри резултати од оние кои не спиеле, туку и биле многу посигурни во давањето на одговори.

Со скенирање на мозокот на учесниците во студијата во текот на дремката им била установена поголема активност во хипокампусот, структура сместена длабоко во мозокот, во која краткотрајните спомени се претвораат во долгорочни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП