28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Пораз на Вардар во Загреб

СЕХА: Пораз на Вардар во Загреб

rk-zagreb

ППД Загреб славеше над Вардар со 30:25 (16:14) во заостанатиот меч од третото коло во регионалната СЕХА лига. Загреб со оваа победа го задржа максималниот ефект, пет победи во исто толку натпревари, додека Вардар во шестиот меч го запиша првиот пораз.

‘Црвено црните’ уморни од неделното гостување во Данска и со одредени кадровски проблеми, не успеаја рамноправно да се носат до екипата на Веселин Вујовиќ.

Загреб уште во првото полувреме стигна до предност од три гола (9:6 во 15. минута), и до полувремето ја одржуваше предноста од еден до два гола.

Последниот обид да фати приклучок Вардар го имаше во 39. минута кога Лазаров израмни на 19:19, но во наредните пет минути Загреб направи серија од 4:0, на која ‘црвено црните’ немаа одговор.

Вардар на овој меч играше без Штербик, Душебаев, Стоилов, Деревен (кои останаа во Скопје и не играа ниту во Данска) и Тоскиќ и Циндриќ.

Капитенот Лазаров со седум голови беше најефикасен кај Вардар, додека Загреб го предводеше Обрановиќ со шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП