20 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на Кина најслаб во последниве шест години

Растот на Кина најслаб во последниве шест години

In this Tuesday, Sept. 1, 2015 photo, workers assemble lithium batteries at a factory of Chilwee Group, China's leading battery maker, in Changxing county in east China's Zhejiang province. Chinese Premier Li Keqiang tried Wednesday, Sept. 9 to mollify foreign concerns about its economic slowdown, saying growth is in the "proper range" and Beijing has no plans to allow its currency to decline further. (Chinatopix via AP) CHINA OUT

Растот на кинеската економија се намали под границата од 7% за првпат од крајот на финансиската криза, посочија објавените податоци, пренесени од „The Telegraph“.

Втората најголема светска економија забележала пораст на економијата од 6,9% за кварталот меѓу јули и септември на годишна основа. Тоа е најслабиот резултат од првиот квартал на 2009-та година, кога економијата на земјата се зголеми за 6.2%.

Резултатот се покажа малку над просечните очекувања на пазарните учесници за зголемување од 6,8%, но под забележаниот раст од 7% на претходниот квартал. Податоците се очекува да покажат понатамошен притисок врз централната банка да преземе дополнителни стимулации за поддршка на економијата.

„Ситуацијата во Кина постепено се стабилизира. Забрзување на владините трошоци, како и стимулирање на кредитниот ризик се два фактори кои можат да придонесат за намалување на ризиците пред растот на кинеската економија во наредните квартали“, коментира Џулијан Еванс-Причард, аналитичар во „Capital Economics“.

kina rast 02

Оштетувањето на кинеската валута, како и падот на берзанските индекси во изминатите неколку месеци, натераа многу од пазарните експерти да предвидуваат „тежок период“ на економијата. Некои аналитичари изразуваат очекувања дека растот во третиот квартал може да е најниската точка за кинеската економија во оваа година.

„Со одложувањето на растот и зголемените ризици за дефлација, ги потврдуваме нашите очекувања дека централната банка на Кина ќе прибегне кон намалување на задолжителните минимални резерви со 50 базични поени во четвртиот квартал“, коментираат аналитичарите од „ANZ Bank“ во писмо до нивни клиенти.

„Зголемената опасност од дефлација е можно да ја натера централната финансиска институција и до ново намалување на каматата во земјата“, прогнозираат уште од банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП