17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Франција во 2016-та ќе биде преобјавена книгата на Адолф Хитлер

Во Франција во 2016-та ќе биде преобјавена книгата на Адолф Хитлер

адолф-хитлер-книга

Книгата на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер „Mein Kampf“ (Мојата борба), првпат објавена во 1925 година, ќе биде реиздадена во Франција во текот на 2016 година, кога истекуваат авторските права, коишто сега ѝ припаѓаат на сојузната германска покраина Баварија, објави издавачката куќа „Fayard“.

„Издавачот Fayard има намера да го доведе до крај издавањето на книгата ‘Мојата борба’, којашто јавна сопственост станува во 2016 година. Објавувањето на оваа книга, којашто го има едно од централните места во историјата на XX век, ќе биде проследено со критички осврт, направен од научна комисија од француски и странски историчари“, се вери во соопштението на издавачот.

Планот за преиздавањето на делото на Хитлер во „Fayard“ се појавил уште во 2011 година, а на новиот француски превод работел познатиот француски германист Оливие Манони. Издавачот сé уште не го соопштува точниот датум на издавањето на „Мојата борба“, но ветува дека не подоцна од крајот на јануари следната година на јавноста ќе ѝ престави сеопфатна информација за „научното и академско опсервирање на ова издание“.

Дистрибуцијата на оваа книга е забранета во Франција според законот за слобода на печатот. Во 1979 година организации за човекови права се обидоа да издејствуваат забрана за нејзино објавување поради разгорување на расна омраза, но правосудството сметаше дека книгата претставува вреден историски документ. Самиот текст, сепак, неопходно мора да биде проследен со предупредувачки коментари, а книгата не може да биде изложена во витрините на книжарниците.

Досега во Франција е дистрибуирана верзијата на Хитлеровата „Мојата борба“ од 1934 година, издадена од Новото латинско издаваштво (NEL). Книгата, отпечатена на 800 страници, е проследена со пролог со предупредување на осум страници со предупредување за несоодветноста на нејзината содржина со француските републикански вредности.

Според оцените на челниците на NEL, годишно во Франција се продаваат по околу 700 примероци на делот на Хитлер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП