17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Централните банки ќе станат неважни „играчи“?

Дали Централните банки ќе станат неважни „играчи“?

centralni-banki

Централните банки, кои ја спасија глобалната економија од работ на колапс во текот на финaнсиската криза, би можеле да станат неважни играчи, лошо опремени да го извлечат светот од бавниот раст и зависноста од евтините кредити, пишува Ројтерс.

И покрај ниските каматни стапки и 7-те билиони долари поттикнувања кои Централните банки ги вбризгаа во големите економии, инвестициите и растот застанаа на нивоата под оние пред кризата, а слабата побарувачка ги намалува цените на сировините кои ги извезуваат земјите во развој.

„Луѓето мораат да сфатат дека се обидоа со монетарните мерки и не го добија тоа што им треба“, изјави Пол Шеард, главниот економист на S&P. Шеард додаде дека централните банки би требало да признаат дека каматните стапки им застанаа на нула и дека за да останат треба нешто да преземат.

Тоа значи дека централните банки мораат да изберат – или да се согласат политичарите да направат повеќе за да поттикнат раст или да се впуштат во нов круг на експериментирање. И двете страни носат ризици и несигурни исходи.

Меѓународниот монетарен фонд и другите се повикани на зголемено трошење во инфраструктурата, реформи кои би можеле да ги отворат пазарите во Јапонија и Европа или отворени фискални поттикнувања во земјите како Германија, но без големи резултати од кризата 2008-2009 година. Со зголемувањето на притисокот на владите, централните банки ризикуваат да не постигнат ништо, а предизвикуваат политички реакции кои би можеле да се заканат на нивната независност.

Новите експерименти како негативните каматни стапки или директното финансирање на државната потрошувачка би можеле да ја продлабочат загриженоста дека централните банки заминуваат се подалеку од своите клучни улоги.

Постои и трета, се помалку привлечна опција – да продолжат да работат исто. Јапонската и Европската централна банка би продолжиле да купуваат обврзници за да ја поттикнат потрошувачката, а ФЕД и Банката на Англија можат да продолжат со откупот на долгот кој го обавија и во 2014 и 2012 година. Но ММФ истакнува дека Јапонија и Европа нема брзо да растат без сериозни структурни промени.

Јапонија најверојатно повторно влезе во рецесија во изминатиот квартал, и покрај 1,5 билиони долари кои централната банка ги вбризга во економијата во април 2013 година.

Во САД, ФЕД се смета за заслужна за стибилизирањето на финансиските услови, но функционерите не се сигурни колку нивните мерки допринеле за растот и што уште можат да постигнат. Централните банки не успеаа да ја вратат инфлацијата на нивото кое се смета за здраво, ФЕД е далеку од саканата стапка, а Јапонија и еврозоната се близу дефлација.

Во теоријата изобилството од евтини пари би требало да го поттикне позајмувањето, потрошувачката и растот, но домаќинствата, компаниите и владите се плашат од долгови поради искуството од кризата бидејќи економиите не го прават тоа што од нив се очекува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП