20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Васко Ристовски во НЛБ Тутунска банка

Изложба на Васко Ристовски во НЛБ Тутунска банка

vasko-vasko

Изложбата на Васко Ристовски ќе биде отворена во вторник вечер во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка.

„Наивната уметност е автономна и постои независно од точно одредените закони и стилови на уметничкото образование и е одвоена од надворешното влијание. Последица на тоа е широкиот спектар на ликовни решенија.

Во наивното сликарство нема правило, тоа се открива дури по завршувањето на творбата. Наивецот не сака да биде подучуван, туку тој твори со својата огромна нескротена фантазија и обликува нов автентичен приказ со нови законитости и форми на естетика.

Васко Ристовски остварува висока ликовна вредност со неговиот интерес и амбиција да се создаде дело во кое интелектуално успева да ни ја прикаже радоста на живеењето, неговата имагинација, симболичност, фантастика и реалност. Интересно е тоа што тој, инспириран од Питер Бројгел и Ханс Мемлинг, успева да го восприеми знаењето на Фламанците во сите негови сфери: композиција која изобилува со динамика, нарација, колорит, мистика, но и силна карактерност на сликаните ликови за кои времето и мислата течат на приказот. Него му успева да наслика приказна, комбинирајќи низа сцени во една единствена композиција. Кај Ристовски веќе ја препознаваме неговата поетика преточена во наива која е автентична и веќе дефинирана на македонската ликовна сцена.

Ристовски е скромен по својот лик, но амбициозен во делото и работата, финалето го затвора со комплетна целина без импровизации. Првиот контакт со него и неговите дела ме импресионира, не само поради егзактноста на делата, туку и неговата отвореност и пристапност како човек. Многумина сликари не можат да се пофалат со овој атрибут.“ – Горјан Ѓорѓиев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП