23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКличко против Фјури на 28-ми ноември

Кличко против Фјури на 28-ми ноември

tajson fjuri klicko

Мечот за титулата во тешка категорија меѓу шампионот Владимир Кличко и предизвикувачот Тајсон Фјури ќе се одржи на 28-ми ноември во Диселдорф. Првично оваа борба требаше да се одржи на 24-ти октомври, но беше одложена бидејќи Кличко на тренингот ја повредил тетивата на листот на левата нога.

Кличко има 39 години и во рингот е непоразен повеќе од една деценија, тој има 64 победи и три поразa и е апсолутен шампион во тешка категорија, во негова сопственост се појасите во верзиите WBA, WBO, IBF, IBO и појасот на престижниот боксерски магазин Ринг кој им се доделува на вистинските шампиони.

Предизвикувачот Фјури нема пораз во своите 24 борби, од кои 18 добил со нокаут. Британецот сака да стане првиот боксер кој го победил Кличко уште од Лејмон Бустер кој тоа го направил во април 2004-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП