5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија: 4000 франци минимална плата?

Швајцарија: 4000 франци минимална плата?

bern

Предлогот на Обединетите швајцарски синдикати за воведување на загарантирана минималната месечна плата од 4.000 франци, го поддржаа 76 отсто од граѓаните.

Според анкетата спроведена од страна на Link Institut, 38 отсто од испитаниците се целосно во согласност со предлогот на Обединетите синдикати, а 38 проценти од нив би го поддржале.

Само седум проценти од испитаниците категорично го отфрлиле овој предлог, додека 15 отсто од нив изјавиле дека не би го поддржале, и на крај, два отсто од испитаниците немале никакво мислење за ова прашање, открива истражувањето спроведено на примерок од 1010 граѓани на Швајцарија од 11 до 16 март.

Како што наведува весникот, Швајцарската федерална влада, сепак, се противи на иницијативата на Обединетите синдикати, верувајќи дека воведувањето на загарантирана плата предизвикува пораст на невработеноста, бидејќи компаниите нема да вработуваат нови вработени, како и тоа дека оваа мерка ќе ги обесхрабри младите луѓе во нивните професионални амбиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП