28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКвалификацискиот фудбалски меч Албанија-Србија без гостински навивачи

Квалификацискиот фудбалски меч Албанија-Србија без гостински навивачи

албанија-србија5445

Претставниците на Албанската фудбалска федерација(ФФА) демантираа дека на средбата на Албанија со Србија која ќе се одигра на 8 октомври во Елбасан ќе има српски навивачи.

Тие информациите на печатот дека во Елбасан ќе има и група на српски студенти кои ќе навиваат за Србија ги оценија како тенденциозни. На средбата со новинарите претставниците на ФФА рекоа дека на оваа средба не само што нема да има Срби, туку нема да присуствува ниту човекот кој го активираше дронот во Белград кој има прекар ’Балисти’ .

Албанското МВР соопшти дека во обезбедувањето на редот и мирот на оваа средба ќе се вклучат 1500 полицајци, а до граѓаните на овој град е испратено и укажување да не примаат гости во нивните домови. Албанскиот печат денеска пишуваше дека ќе има и бројни снајперисти на прозорите на зградите кои се покрај стадионот во Елбасан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП