27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарл Маркс е повторно во мода, тврди водечки британски лабурист

Карл Маркс е повторно во мода, тврди водечки британски лабурист

velika-britanija-britanija

Карл Маркс, коавторот на Комунистичкиот манифест, повторно е во мода, изјави во петокот крајно левичарски ориентираниот портпарол за финансии на британската Лабуристичка партија, и појасни дека тоа се случува поради тоа што неговите идеи нудат конечен начин за анализа на капиталистичките темели на модерната западна економија.

Откако неодамна беше избран за челник на Лабуристичката партија, Џереми Корбин го именуваше Џон МекДонел, поранешен синдикалист кој ја поддржува повторната национализација на банките и наметнување на даноците за богатите, како министер за финансии во сенка.

„Доколку ги погледнете повеќето институции коишто денес даваат економско образование, Маркс се вратил во мода, бидејќи луѓето повторно се свртуваат кон неговите анализи на самите основи на кои системот функционери“, изјави МекДонели за радио BBC.

„Ако се погледне нашиот капиталистички систем, ќе видите дека токму Маркс покажал како дејствува системот, ненавлегувајќи во тоа дали е исправен или погрешен, и како ќе се развива“, додаде МекДонели.

Британската влада заговара слободно пазар откако конзервативката Маргарет Тачер стана премиерка во 1979 година изградувајќи го она што странските инвеститори го нарекуваат најотворена економија. Лабуристичките премиери Тони Блер и Гордон Браун, исто така, ја следеа политиката на поттикнување на претприемништвото од 1997 до 2010 година.

„Луѓето може да се согласуваат со (Марксовите) заклучоци за тоа што треба да се прави со системот, но всушност да се разбере како системот работи доаѓа од интересните анализи кои се изградени во традиционалните и класични економии“, додаде МекДонели.

Маркс, чии идеи беа основниот столб на поранешниот Советски сојуз, е роден во Германија 1818 година, но по револуцијата од 1848 година што ја зафатила цела Европа, се преселува во Лондон каде што е закопан.

МекДонели, исто така, рече дека лабуристите ќе покренат „радикален преглед“ на националните институции кои управуваат со економијата, вклучително и Англиската централна банка, доколку победат и ќе ги принудат мултинационалните компании како „Starbucks“ и „Google“, на пример, да го платат „својот чесен дел од данокот“ за да помогнат да се зацврстат јавните финансии на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП