2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВладо Јанeвски одржа концерт во Торонто

Владо Јанeвски одржа концерт во Торонто

vlado toronto

Една од најголемите македонски музички ѕвезди на денешницата, Владо Јаневски на 25-ти септември одржа извонреден солистички концерт во The Opera House во Торонто.

Придружуван од беспрекорните професионалци Беџо Синаносвки, Невен Ѓокиќ и Павел Ренџов, Јаневски го понуди најдоброто од својот музички опус, а хитовите се редеа еден по друг, на кои носталгичните Македонци не можеа да останат рамнодушни.

Околу 300 грла пееја во хор заедно со Владо кој од прекрасната сцена во The Opera House во Торонто се обиде и успеа да ги врати емоциите и спомените на изминатите години. Организатор на концертот беше D&S Production со Сашо Дилев, Надица Дилев и Даниела Шојлева кои вложија максимални напори во соработка со своите бројни спонзори од македонската заедница во Канада да организираат настан за паметење.

Интересот за гостувањето на Владо Јаневски во Торонто беше огромен, така што освен домашната публика од Торонто и околината по повод овој несекојдневен настан допатуваа и почитувачи од Виндзор и Монтреал, како и од Детроит и Рочестер од Соединетите Американски Држави.

„Ние сме емотивен народ, што сме подалеку од дома се она што има врска со Македонија добива друга тежина и ни прави некоја слатка тага. Некои песни уште подлабоко допираат кога се пеат на другата страна на светот, како што сум забележал на примерот на “Само дома си е дома”, “Ова е наше Скопје” и нормално “Црно тиквешко”. Таков сме народ, тагата кога е проткаена низ песна полесно се голта и копнежот за дома полесно го поднесуваме,“ изјави Владо Јаневски за весникот „Македонија“ од Торонто во пресрет на своето гостување.

Јаневски и порано гостувал на северно-американскиот континент, но токму овој концерт пополни многу голема музичка празнина и потреба од солиден звук, песна и стихови по мерка на музичките сладокусци.

„Време е да и се реваншираме на публиката со некој нов сингл или два до крајот на годинава. Се сомневам дека во догледно време ќе снимам цел албум, но неколку песни годишно би биле доволно-изјави Јаневски за весникот Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП