13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФранцуската драма „Пардон“ со македонски актери на сцената во МНТ

Француската драма „Пардон“ со македонски актери на сцената во МНТ

mnt-mnt

Француската драма „Пардон” на авторката Сабин Ревије, во режија на францускиот режисер Гиј Деламот во сабота во 18 часот ќе се одржи на малата сцена на Македонскиот народен театар.

Соработка помеѓу Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Македонскиот народен театар и Панта театарот од Каен, регион Долна Нормандија (Франција) како дел од проектот „Пишување и режија, денес“, 18-то издание на фестивалот за современи дела, организиран од Панта театарот, кој оваа година е посветен на македонска драматругија.

„Пишување и режија, денес“ – фестивал на современи дела се реализира како дел од програмата за уметничка размена во рамки на Децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Република Македонија, координирана од Локомотива, Скопје.

Во претставата играат Висар Вишка, Весна Гаврил, Драгана Левенска, Борче Начев и Горазд Цветковски.

Претставата „Пардон” е резултат на интензивна девет дневна соработка (18-26 септември) помеѓу авторката на драмата Сабин Ревије, режисерот Гиj Деламот и македонските актери и како работа во процес ќе биде претставена пред македонската публика на малата сцена на МНТ во сабота. Станува збор за еден своевиден театарски експеримент – истражување на можностите за интерпретација и поставување на драмски текст во интеркација помеѓу авторот, режисерот и актерите.
Форматот на работа воспоставен во рамки на проектот – „Пишување и режија, денес” – фестивал на современи дела секоја година се организира од Панта театарот од Каен, регион Долна Нормандија (Франција) како билатерална соработка со одредена земја. Неговото 18-то издание е посветено на современата македонска драма и соработката со Македонија.

Проектот овозможи директна соработка помеѓу француски и македонски драмски автори, режисери (Гиј Деламот, Сабин Ревије, Дејан Дуковски, Срѓан Јаниќијевиќ, Нела Витошевиќ, Горјан Милошевки и Мартин Кочовски) и француски и македонски актери; меѓусебно запознавање и промоција на современата француска и македонска драма, превод на три современи македонски драми на француски јазик и нивно поставување пред француска публика („Утерус” на Дејан Дуковски, „Шехерезада” на Срѓан Јаниќијевиќ и „Човекот кој не знаеше да каже НЕ!” на Горјан Милошевки) и превод на една современа француска драма на македонски јазик и нејзно поставување пред македонска публика („Пардон“ на Сабин Ревије).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП