Во месец мај, како дел од кампањата за подигнување на свеста за карцином на кожата, денес (21.05.2025) од 15:00 се одржува панел дискусија каде што видни дерматолози, фармацевти и медицински специјалисти дискутираат за еден од најагресивните облици на карциномот- меланомот.
Меланомот е заболување на кожата кое бележи растечки тренд во последните години, особено и кај помладите од 40 години. Поради тоа, важно е да бидете информирани за факторите кои можат да ја предизвикаат оваа болест, методите за превенција и рано откривање, како и најновите третмани на меланомот. Еуцерин, како бренд кој секогаш е чекор пред времето и создава решенија за нега на кожата кои се производ на децениски истражувања и клинички докази, гордо ја поддржува оваа иницијатива.
За време на панел дискусијата, УВ зрачењето се споменува како еден од главните тригер фактори за карцином на кожа, а исто така и фактор којшто може да се избегне и превенира. Регуларна секојдневна употреба на креми со заштитен фактор (SPF и UVA/UVB)го намалува ризикот од развој на карцином на кожа. Секојдневно штитете се од УВ зраците бидејќи раното откривање на меланомот значи спасен живот.
Повеќе од 100 години, Eucerin нудејќи научно докажано ефикасни дерматолошки решенија им помага на луѓето во превенцијата на кожните заболувања и во подобрување на нејзиниот квалитет. Мотото на компанијата секогаш било: кожата не е само надворешен слој – таа е одраз на здравјето и самодовербата.

Затоа, со гордост континуирано Еуцерин е партнер и поддржува научни дискусии, каде што знаењето, искуството и иновациите се обединуваат со една заедничка цел – подигнување на свеста и едукација за меланомот, методи за негова превенција, како и подобрување на квалитетот на вашата кожа.

Конференцијата е во организација на Анни Медиа, а се одржува во х. Хилтон.