15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ губи 454 милијарди евра годишно од сивата економија

ЕУ губи 454 милијарди евра годишно од сивата економија

evrici 3309

Кога Грција ги зголеми даноците за потрошувачка во текот на летото, во обид да ги зголеми државните приходи, проблематичните сопственици на ресторани го прифатија чекорот како сериозен удар. Зголемувањето сепак наиде и на критики поради тоа што ја поттикнува даночната евазија, често опишувана како „национален спорт“ на Грција, коментира „Financial Times“.

Грција има една од најголемите сиви економии во Европа, но не е единствената земја попречена во борбата против затајувањето на данок, додека во исто време се обидува да го зголеми.

Претходно овој месец Европската унија (ЕУ), изјави дека владите ќе се лишат од 168 милијарди евра од приходи од ДДВ, откако не успеаја да го подобрат нивното собирање во 2013-та година. Пјер Московиц, економскиот комесар, ги повика владите да ја засилат борбата против затајувањето на данок.

Пресметката на вкупната вредност на оние кои избегнуваат да плаќаат даноци е исклучителна тешка.

Според новото истражување на Фридрих Шнајдер, професор во австрискиот „Linz University“, годишните загуби од даноци во ЕУ поради сивата економија изнесуваат 454 милијарди евра или 9,6% од вкупните даночни приходи. Даночните загуби се движат од 4,5% од вкупните приходи во Австрија до 18,8% во Бугарија.

Околу една третина од загубите се водат за исчезнати финансии од бизниси кои се справуваат со сериозни парични средства. Непријавени вработувања – од чистење до изградба.

Во земјите во развој скалата на сивата економија е дури поголема и ги вклучува повеќето работни места во земјоделството, тврди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) причините за тоа се кријат во корупцијата и прекумерните регулативи, но Фондот забележува дека сивата економија има и позитивна улога како еден вид подготовка за иден економски раст.

Економската криза придаде моќен поттик за борбата против сивата економија, тврди Андреас Пратц, партнер во компанијата за финансиски услуги „AT Kearney“. Според него владите поднеле повеќе од 100 рестриктивни мерки на непријавена работа во изминатите години. Нивниот успех сепак зависи најмногу од нивната примена и Пратц ги советува владите да користат како стимуланси, така и санкции.

Субвенциите и даночните олеснувања, на пример, се покажаа како корисни алатки за стимулирање за укинувањето на неофицијалните вработувања. Белгиската шема со „ваучери за услуги“ со кои го субвенционираа вработувањето на луѓето кои вршат домашни услуги, сведени особено успешно во сивата економија, вели тој.

Друга популарна мерка вклучува понудата на лотарија, награди врз основа на даночните приходи од продажба – идеја која е усвоена во Португалија, Бразил, Аргентина, Колумбија, Порторико, Тајван и Словачка.

Ограничувањето на трансакции со пари во кеш стануваат се повеќе популарни. Претходно овој месец, Франција стана уште една влада која ги заостри правилата во обид да ја намали анонимноста која генерира криминал, тероризам и даночно затајување. Владите со слабо ширење на банкарски картички, исто така нудат стимулации за поттикнување на преминот кон нив, наместо користење на готовина. Колумбија и Аргентина се меѓу земјите кои имаат воведено намалени стапки на ДДВ за продажба, реализирани преку кредитни картички.

Оддалечувањето од плаќањето во готово е најизразено во скандинавските земји, како на пример во Шведска паричните средства во употреба се намалени за една петтина. На други места има брз раст на бројот на банкнотите, што според „Bank of England“ се должи на обидите за даночно затајување.

Според експертите владите можат да пристапат кон големите бенефиции, вработување на работниците и бизнисите од сенка, но нема како целосно да го уништат даночно затајување.

Проф. Шнајдер вели: „Можете да успеете сивата економија да ја намалите за 20-30%, ако користите паметни политики, но не повеќе од тоа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП