2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа програмата на МОТ танцовиот театар „Лидија Литос“

На програмата на МОТ танцовиот театар „Лидија Литос“

мотсот

На програмата на МОТ денес се претставите „Друга страна, на танцовиот театар „Лидија Литос“, Атина, „Солун, град на духови“ на Театарот на навигаторот Цветко, а како придружна програма панел дискусијата „Какви фестивали (не) ни требаат“.

Имено, во 20 часот во МКЦ ќе може да ја погледнете претставата „Друга страна“, на танцовиот театар „Лидија Литос “, Атина.

Претставата Друга страна на македонскиот автор Дејан Дуковски, а во изведба на танцовиот театар Лидија Литос од Атина е драма за човечките соништа и за страстната борба на луѓето да сакаат и да бидат сакани кога се заробени во една уништена држава. Среде урнатините на една земја што повеќе нема име, четворица луѓе, кои ѝ побегнале на смртта, брзаат да продолжат со животот, кој трепери од сите страни и кој повторно ги изигрува. Војната оставила траги врз нив. Сирените на полициските возила ги потсетуваат дека нивната некогаш прекрасна земја се претворила во полициска држава каде што сите се вооружени и каде што секој е подготвен да убие пред да биде убиен. Но и покрај тоа, среде ваква несреќа, кога времето тешко минува, се расплетува една малку помрачна приказна за да докаже дека потрагата на човекот по светлина никогаш нема да запре.

Во 22 часот во Музеј на холокаустот Скопје погледнете ја „Солун, град на духови“ од театарот на навигаторот Цветко, Скопје .

Дека на вистинскиот театар не му е потребно повеќе од една празна сцена и актер/и што играат, докажа и покажува оваа претстава. Претставата Солун град на духови e документарна претстава во која се користи основното изразно средство – актерот и неговите можности. Оваа претстава го покажува основниот потенцијал на документарниот театар денес, посебно на кој начин истиот може да се направи, а истовремено да покаже што е театар и на кој начин може да функционира во дваесет и првиот век.

Седум актери, еден музичар, еден режисер и еден драматург, во неконвенционален театарски простор, обременет со сопствената симболика (Музејот на холокаустот – Скопје) создаваат претстава што е толку свежа, креативна, а притоа, толку искрена и доминантна што секој гледач го остава без здив. Играта на актерите, суптилната режија, музиката, која е осмиот лик, имаат за цел да нè пренесат низ историјата на еден град, притоа не заборавајќи ја релацијата микро-макрокосмос.

За да бидат нештата така пластично прикажани, музиката е главниот двигател во претставата. Станува збор за современа интерпретација и креација на познатата балканска музичка традиција, што Златко Ориѓански авторски маестрално ја создава да биде осмиот лик во претставата. Претставата е во режија на Слободан Унковски.
Во придружната програма во 12 часот во МКЦ ќе се одржи Панел „Какви фестивали (не) ни требаат“каде ќе дебатираат Симон Грбовац – Инфант Нови Сад, Асан Терзиев – Варна, Билјана Танурова / Локомоушн Скопје, Александар Ивановски – Импакт фестивал, а модератор е Русе Арсов

Во 19 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на „Моќта на театарот“ од Љубиша Никодиновски – Биш, монографија 40 години Млад Отворен Театар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП