3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе ја ограничува продажба на алкохол на лица под 21 година

Русија ќе ја ограничува продажба на алкохол на лица под 21 година

votka rusija 33

Руското сојузно биро за надзор на заштита на потрошувачите позитивно се изјасни за законската иницијатива за забрана на продажба на алкохол на лица помлади од 21 година.

„Во Русија злоупотребата на алкохолот секоја година доведува до прерана смрт на половина милион лица, поради што се наметнува потреба од спречување на ширење на зависност од алкохол. Според проценките на експертите, бројот на алкохоличари во Русија достигнува пет милиони, што е 3,5 отсто од вкупното население“, се наведува во соопштението на бирото за надзор на заштита на потрошувачите.

Притоа се напоменува дека пиво и другите послаби алкохолни пијалоци конзумираат особено адолесценти и жени во репродуктивна возраст, како и дека 33 отсто од момчињата и 20 отсто од девојките пијат секој ден или секој втор ден.

Во рускиот парламент се очекува наскоро на дневен ред да биде расправата за законскиот предлог за воведување на забрана за продажба на алкохол на помлади од 21 година.

Иницијативата ја поздрави претседателката на Советот на Федерацијата, Валентина Матвијенко, која очекува жесток отпор на одредени лоби групи, кои ќе сторат сѐ за да не се зголеми старосната граница за продажба на алкохол, која сега е на 18 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП