2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМоден викенд Скопје како портрет на времето

Моден викенд Скопје како портрет на времето

moden-vikend-skopje

Под мотото „Мода и културно наследство “, ќе се одржи дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , од 21 до 25 октомври во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија.

Модното случување за сезоната есен/зима 2015/2016 година, ќе биде во духот на традицијата и модата како портрет на времето . Културното наследство е еден од најзначајните сегменти од македонската историја и сведок на нашиот идентитет. Оваа есен, нашата безвременска традиција ќе ја однесеме на рандеву со нескротливата модна приказна. Ќе ги собереме на дружба различните епохи и спомени, убавините низ годините со оние кои не очекуваат. Моден викенд Скопје оди во нова , безвременска приказна.

Имиџот кој ќе ја претставува сезоната, има за цел да ја илустрира неминливоста на нашиот изворен идентитет и неговата важност како инспирација за создавање на дела од трајна вредност во сегашноста.

„Низ современо толкување на традиционалните македонски шари и орнаменти, дизајн решението ја симболизира идејата дека стоејќи зад нашата традиција, го прошируваме и зацврстуваме културното богатство за генерациите кои доаѓаат.“, вели Јована Зука која го потпишува концепт-дизајнот за визуелниот имиџ.

Во рамките на Моден викенд Скопје , ќе се одржат ревии, изложби, модни перфоманси и забави на неколку локации во градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП