7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова книга на Стефан Влахов – Мицов насловена „Балканска психологија – државници...

Нова книга на Стефан Влахов – Мицов насловена „Балканска психологија – државници и марионети“

micov stefan

Книгата „Балканска психологија – државници и марионети“ од проф. д-р Стефан Влахов-Мицов ги разгледува посебностите на балканските народи во историски, политички, антрополошки и психолошки аспект.

При дефинирањето на балканскиот ментален склоп посебен акцент става на психата на етносите кои доаѓаат на Балканот од антиката до новото време. Исто така дава одговор на прашањето: какви се спецификите на балканските народи во времето на Македонската, Римската, Источната Римска империја (Византија), Османлиската и Хабзбуршката империја. Посебно поглавје посветува на балканските политичари, државници и марионети.

Стефан Влахов Мицов е автор на дваесет историографски, критичко-есеистички и публицистички дела, како и на капиталното дело „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, кое за неколку години доживеа три изданија. Книгата е во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП