28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАлфа Ромео најавува нов модел

Алфа Ромео најавува нов модел

alfa-romeo-logo

Алфа Ромео најверојатно работи на модел кој ќе биде конкурент на Серијата 5 на БМВ и на Е-класата на Мерцедес, а се очекува автомобилот да се појави на пазарот во 2015-та година.

Италијанскиот модел  ќе користи сегменти од платформата на Масерати, а е замислен како наследник на моделот 166. Иако шефот на Фиат, Серџио Маркионе, пред една година изјави дека компанијата ќе се фокусира на можните замени за моделите Мито, Џулиета и 159, изгледа дека постојат планови и за премиум лимузина.

Тоа ќе биде верзијата на Алфа на Масерати Чибија (кој ќе излезе следниот месец), а најверојатно ќе биде превземен 3.0 литарскиот В6 би-турбо мотор со 385кс или 3.8 литарски В8 би-турбо мотор со 480кс. Постојат индикации дека двата автомобили ќе се продаваат и со дизел мотори и тоа во 3.0 литарска В6 верзија. Како и Чибија и моделот на Алфа Ромео ќе добие варијанта за погон на сите четири тркала.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП