4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗагадениот воздух убива 3,3 милиони луѓе годишно

Загадениот воздух убива 3,3 милиони луѓе годишно

zagadenost 554

Загадувањето на воздухот убива 3,3 милиони луѓе годишно, утврдиле научниците во нова студија и биле изненадени колкава улога во тоа има земјоделието.

Научниците од Германија, Кипар, Саудиска Арабија и од Харвард ја направиле досега најдеталната проценка за смртноста и загадувањето на воздухот и ја објавија во магазинот Nature. Во студијата се наведува дека доколку продолжи сегашниот тренд, до 2050 година бројот на смртни случаи предизвикани од загаден воздух би можел да се удвои.

„Околу шест отсто од сите смртни случаи во светот се случуваат заради изложеност на загаден воздух. Бројот е поголем од она што научниците го очекуваа“, рече професорот по еколошки науки Џејсон Вест од универзитетот Северна Каролина.

Загадувањето на воздухот убива повеќе отколку ХИВ и маларијата заедно.

Најмногу жртви од загадувањето има Кина, 1,4 милиони годишно, следат Индија со 645.000 и Пакистан со 110.000.

Најголема смртност од последиците на смогот и чадот предизвикува домашното греење и готвење на дрва и останатите биогорива во земјите во развој. Она што ги изненади научниците е што на второ место како причинител на загадувањето се најде земјоделството, а тоа, на американскиот североисток, во Европа, Русија, Јапонија и Јужна Кореја се наоѓа дури и на водечкото место.

Проблемот со земјоделството лежи во амонијакот од вештачките ѓубрива и животинскиот отпад, рече Џос Леливелд од германскиот институт Макс Планк. Тој амонијак во комбинација со сулфатите од термоелектраните на јаглен и нитратите од автомобилските издувни цевки создава честички на смог, што пак е голем предизвикувач на смрт заради загадување.

„Бевме изненадени, но на крајот сè има совршена смисла“, рече Леливелд, додавајќи дека научниците очекувале дека сообраќајот и електраните ќе бидат најголеми предизвикувачи на опасниот смог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП