19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на берзите во Азија, ублажен притисокот врз доларот, благ раст...

Остар пад на берзите во Азија, ублажен притисокот врз доларот, благ раст на нафтата

berzi-berza-aziski-evropski-amer

На азиските берзи цените на акциите денес остро паднаа поради загриженоста на инвеститорите од неизвесната ситуација во светската економија, на што минатата седмица предупреди американската централна банка Federal Reserve (Fed) и поради тоа го одложи зголемувањето на каматите.

Берзанските индекси во Сингапур, Сеул, Хонгконг и Сиднеј во претпладневното тргување се движеа во минус меѓу 0,5 и 2,5 отсто. Во Шангај се движат на работ од позитивната и негативната област, додека во Токио поради празниците не се работи. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, утрото беше во минус од околу 2 отсто.

Азиските берзи во понеделникот остро паднаа, следејќи ги падот на цените на акциите на Волстрит и на европските берзи во петокот, бидејќи инвеститорите ги загрижи објаснувањето на американската централна банка дека зголемувањето на каматните стапки го одложува поради несигурноста во развојот на ситуацијата во светската економија.

„По првичните бенигни реакции на одлуката на Fed да ги остави непроменети каматите, во петокот цените на американските и на европските акции паднаа, а лошото расположение продолжи утрово и на азиските берзи. Продолжува неизвесноста по прашањето на растот од глобалната економија, што ги притиска пазарите веќе неколку месеци“, вели во анкетата на Reuters Шејн Оливер, директор во компанијата „AMP Capital“.

Во петокот на Волстрит индексите Dow Jones и S&P 500 потонаа за повеќе од 1,5 отсто, а остро паднаа и цените на акциите на европските берзи. Вложувачите најмногу се загрижени од забавувањето на растот на кинеската економија, па со нетрпение се очекуваат новите макроекономски показатели.

Во среда ќе биде објавен извештај за PMI индексот за производствената активност во кинеската економија, а аналитичарите проценуваат дека овој индекс во септември ќе порасне од 47,1 поен, најниското ниво во последните шест ипол години, на 47,4 индексни поени. И покрај благиот раст, така и натаму седми месец по ред, би останал под 50 поени, што укажува на слабеење на активностите.

Освен цените на акциите, под притисок се и приносите по обврзниците, бидејќи Fed го одложи зголемувањето на каматите. Бидејќи растот на глобалната економија забавува, малку е веројатно дека централните банки ќе се откажат од лабавите монетарни политики. Доколку зајакнат ризиците за земјите во развој, а бавно растат и европските економии, и доколку тоа влијаело врз Fed, несигурноста на пазарите ќе зајакне, сметаат аналитичарите.

Земјите во развој се под силен притисок поради забавувањето на растот на кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини. Поради тоа и слабее побарувачката на сировините, па паѓаат и нивните цени. А многу земји во развој не зависат само од ниските камати на глобалните финансиски пазари, туку и до економскиот раст во светот, бидејќи многу од нив се извозници на сировини. Поради тоа, на пример, Бразил и Русија паднаа во рецесија.

На валутните пазари, пак, американскиот долар и натаму е под притисок, иако послаб отколку кон крајот на минатата седмица, кога под одлуката на Fed за одложувањето на зголемувањето на каматните стапки , неговиот курс остро падна.

Во претпладневното тргување во понеделникот, курсот на доларот се движи околу 119,75 јапонски јени , додека во петокот вечерта изнесуваше ѝ119,95 јени. Цената на еврото достигна, пак, 1,1320 долари, додека во петокот го заврши тргувањето на 1.1305 долари.

А на нафтените пазари во понеделникот претпладнето цените благо пораснаа, по остриот пад во петокот. На американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,4 отсто, на 44,85 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поскапе за 0,3 отсто, на 47,65 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП