15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВалутната војна продолжува

Валутната војна продолжува

WORLD CURRENCY NOTES

Минатонеделната одлука на ФЕД за уште едно одложување на зголемувањето на каматните стапки веројатно ќе предизвика ново привремено слабеење на американската валута што значи дека валутната војна продолжува. Во моментов речиси сите најважни централни банки во светот директно или индиректно се залаагаат за слабеење на сопствената валута.

САД

Главен аргумент за одложување на зголемувањето на каматните стапки беше забавувањето на растот во глобалната економија, но Џенет Јелен, претседател на ФЕД, ја спомна и опасноста од пресилниот долар.

Еврозоната

ЕЦБ во последното обраќање до јавноста изрази загриженост за економската ситуација во еврозоната и на тој начин на финансиските пазари им испрати порака дека, доколку биде потребно, ќе спроведе дополнителни мерки за поттикнување на економските активности, што речиси сигурно доведе до ново слабеење на еврото.

Кина

За разлика од останатите земји, Кина својата валута ја држи цврсто врзана за американскиот долар, па не само што не и дозволува зајакнување, туку и пред неколку недели преку политичка одлука одлучи да ја ослаби за приближно 2 проценти, за да го поттикне растот на извозот, темелот на својата економија.

Јапонија

Иако јапонскиот јен во последните неколку години во однос на американскиот долар ослаби за повеќе од 30 проценти, по кинеската девалвација започнаа шпекулациите дека и Јапонија ќе покрене дополнителни мерки кои ќе доведат до продолжување на слабеењето на јенот.

Британија

Ситуацијата во британската економија е прилично добара и веќе долго време се очекува зголемување на каматните стапки од страна на централната банка. Сепак, поголемиот број од аналитичарите сметаат дека Британија на тој чекор ќе се одлучи после Американците, со цел да спречи нагло зајакнување на сопствената валута, до кое по правило доаѓа при зголемување на каматните стапки.

Швајцарија

Од сите наведени земји и нивните централни банки, Швајцарската народна банка најотворено се залага за слабеење на сопствената валута за која смета дека е неодржливо преценета. Освен вербалните пораки за курсот на валутата, Швајцарската народна банка спроведува и интервенции на пазарот во кои продава франци и купува евра и на тој начин го слабее франкот.

Мислење на аналитичарите

Аналитичарите на Admiral Markets сметаат дека без оглед на новото одложување на зголемувањето на каматните стапки, ФЕД секако ќе биде прв кој ќе го започне тоа зголемување, што порано или подоцна ќе доведе до уште еден бран на зајакнување на американскиот долар во однос на речиси сите останати валути. Од сегашната перспектива, најверојатно тоа ќе се случи во декември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП