18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКанадската „Бегалка“ сега и во Македонија

Канадската „Бегалка“ сега и во Македонија

книги-knigi

Љубителите на пишаниот збор кај нас конечно имаат можност одблиску да се запознаат со фантастичната Алис Манро и за момент да побегнат во една друга димензија на реалноста отсликана во делото „Бегалка“ за првпат преведено на македонски јазик, кое преставува збирка од осум раскази во издание на издавачката куќа Бегемот. Преводот од англиски јазик е во авторство на Кристина Димкова.

Алис Манро е родена во Онтарио, Канада, во 1931 г., каде студирала на универзитетот Западен Онтарио. Нејзината прва збирка раскази е издадена под насловот Танцот на среќните сенки. Таа е добитничка на голем број награди и номинации, а во 2009 г. ја освојува наградата Man Booker International Prize. Истата година ја издава збирката раскази Премногу среќа. Во 2013 г. Манро ја добива најпрестижната награда, Нобелова награда во областа на литературата. Алис Манро е најпозната по својата вештина во пишувањето раскази, нејзини најпознати објавени збирки во последните неколку децении се, меѓу другите, Што се замислуваш? (1978); Месечините на Јупитер (1982); Бегалка (2004) итн.

Манро остави вистински печат на современото пишување кое беше препознаено и веднаш прифатено од светската читателска публика. Таа е вистински „мајстор“ кога станува збор за креирање на кратки раскази кои во себе носат приказни раскажани со многу реална емоција која пренесува во други димензии. Нејзината умешност е во тоа што таа пишува за жените, но никогаш не ги потценува мажите во своите книги, што е вистинска реткост во литературата.

„Бегалка“ е книга која раскажува за љубовта, бескрајното предавство и изненадувањето, каде преку водечката приказна за една млада жена, која нема храброст да го остави својот маж, нè пренесува во светот на Џулиет и нејзините емоции кои го комплицираат сјајот на нејзините интимни односи. Перото на Манро овојпат ни раскажува за жени од сите генерации кои живеат под различни околности и ни ги доближува толку блиску до нас со што приказните кои ги читаме стануваат реални и незаборавни и ги доживуваме толку вистински како да се наши сопствени.

Книгите на Манро претставуваат вистинско богатство кое заслужува да се најде на сечија полица за книги, па затоа искористете ја оваа единствена можност и набавете си ја „Бегалка“ на македонски јазик ексклузивно во продажните пунктови на издавачката куќа „Бегемот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП