28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕми наградата прв пат во рацете на Афроамериканка

Еми наградата прв пат во рацете на Афроамериканка

vajola 22

Вајола Дејвис стана првата актерка Aфроамериканка која ја освои престижната американска телевизиска награда Еми, за најдобра актерка во драмска серија.

Серијата „Игра на тронови“ е најголем победник на овогодинешното доделување награди Еми, што се одржа во неделата во Лос Анџелес.

Прв пат во историјата на доделување на наградите Еми, за најдобра актерка во драмска серија е прогласена Aфроамериканка, Вајола Дејвис, за улогата во „How to get away with murder”.

„Единствена работа која ги дели црнкњите од останатите жени е добрата прилика за глума. Не можеме да добиеме Еми ако за нас не е напишана улогата“, рече на доделувањето Дејвис.

Наградата за најдобар актер ја доби Џон Хам, за улогата во серијата „Mad Men”.

„Игра на тронови“ со 24 номинации освои 12 награди, меѓу кои и за најдобра споредна машка улога која му припадна на Питер Динклејџ.

Серијата „Transparent”, приказна за трансроден татко, освои две награди, за најдобра режија и за најдобар актер во комична серија, која му припадна на Џефри Тејмбор.

Тој наградата ја посвети на трансродната заеднца, која, според него е трпелива и храбра.

Политичката сатира „Veep” освои награда за најдобра комична серија.

„Игра на тронови“ и документарниот филм за саентологијата „Going Clear” освоија неколку награди „креативни Еми“ (Creative Emmys) кои се доделуваат за технички иновации во телевизиска продукција.

Наградата Еми се смета за ТВ еквивалент на престижната филмска награда Оскар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП