20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина ‘кралицата на бестселерот’ Џеки Колинс

Почина ‘кралицата на бестселерот’ Џеки Колинс

jac

Една од најпознатите светски писателки на љубовни романи почина од рак на дојката на 77-годишна возраст, соопшти семејството на Џеки Колин.

Романите на Џеки, инаку сестра на актерката Џоан Колинс, се продадени досега во тираж во повеќе од 500 милиони примероци во над 40 држави во светот.

„Со огромна тага информираме за смртта на нашата прекрасна, динамична и единствена мајка Џеки Колинс, којашто денеска почина од рак на дојката“, се истакнува во изјавата на семејството.

„Беше вистинска инспирација, креативна сила која што го пробиваше патот за другите писателки. Ќе продолжи да живее низ своите ликови, но веќе неискажливо ни недостига“, се додава.

Родена 1937 година во Велика Британија, Џеки Колинс се прослави со серијата книги за Холивуд, Нејзиниот дебитантски роман „Светот е полн со оженети мажи“, беше нарекуван „валкан и одвратен“ од страна на другата позната британска писателка Барбара Картленд, а беше и забранет во Австралија.

Сепак нејзините книги постигнаа вртоглави тиражи, а некои беа и екранизирани, како „Холивудските жени“, „Среќа“, „Леди Бос“…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП