19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрилер меч во Лил, Литванија славеше над Италија

Трилер меч во Лил, Литванија славеше над Италија

litvanija-li

Литванија е последниот полуфиналист на Европското првенство во кошарка. Литванците, во најквалитетниот меч одигран во досегашниот тек од првенството, по продолжението славеа над Италија со 95:85. Во регуларниот дел, во кој двете репрезентации имаа по еден напад за победа, заврши со резултат 79:79.

Репрезентацијата на Литванија во полуфиналето кое е на програмата во петок ќе игра против Србија.

Литванија подобро го отвори натпреварот, од почетокот благодарение на Валанчиунас го презеде водството. По осум минути игра Литванците водеа со 20:13. Меѓутоа Италија експресно одговори Белинели, Арадори и Чинчарини ја креираа серијата од 7:0.

Серијата на Италија траеше и на почетокот од вториот период кога Кузин и Арадори погодија во серија за предност од шест поени (22:28). Литванците кои во тие моменти играа лошо во нападот возвратија со тројките на Милакнис и Мачиулис за 28:28.

Втората половина од втората четвртина во целост им припадна на Литванците, кои ја контролираа играта под кошевите преку Валанчиунас, а со поените на Кузминскас стигнаа до плус три (35:32), а до крајот на полувремето ка одржаа минималната предност (37:36).

Фуриозен почеток на третата четвртина имаше Литванија, Италијаните делуваа загубено и безидејно, па серијата од 11.4, ја однесе Литванија на плус осум (48:40).

И повоторно како и во првиот период по добрата серија Литванија влезе во сероја грешки, Италија возврати со седум поени во низа, а потоа следуваше фестивал на тројки на двете страни Галинари, а Кузминскас, Барњани, односно Милакнис и Калниетис.

Минималната предност од крајот на третиот период со поените на Милакнис и Валанчиунас Литаванија ја зголеми на пет поени (70:65). Но Италија уште еднаш се врати во мечот, НБА двоецот Белинели и Барњани погодија за 74:74.

Драмата започна на 90 секунди до крајот кога Мачиулис погоди тројка, на споритвната страна Барњани погоди од линијата за слободни, а н влезот од последната минута плус три на Литванија и донесе Валанчиунас.

Потоа Арадори погоди само едно слободно фрлање, Литванците организираа лош напад ја загубија топката и му дозволија на Галинари да израмни на 30 секунди до крајот. Последниот напад Литванците одново го организираа лошо, Мачиулис ја загуби топката, а слично одиграа и Италијаните и натпреварот влезе во продолжението.

Во дополнителните пет минути немаше дилеми околу победникот, тандемот Валнчиунас-Калниетис одигра маестрално Италијаните делуваа загубено на теренот и на крајот Литванија славеше 95:85.

Валнчиунас беше меч винер тој имаше учинок од 26 поени и 15 скокови, а со двоен ефект завршија уште Мачиулис (19 поени, 10 скока) и Калниетис (14 поени, 11 асистенции). Италија ја предводеше НБА триото Барњани (21 поен), Белинели (18 поени), Галинари (17 поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП