3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа вработените им е потешко отколку на шефовите

На вработените им е потешко отколку на шефовите

vra1

Шефовите имаат пониско ниво на стрес од вработените, покажала студијата која ја спровеле експерти од Харвард и Стенфорд, објавено е на порталот „Medical News Today“.

Во извештајот се наведува дека познатото Шекспирово тврдење: „најтешко и е на крунисаната глава“ во реалноста е многу ретка, бидејќи луѓето кои „носат круна“, обично се под помал стрес од своите „потчинети“.

Истражувањето кое е објавено во магазинот „Proceedings of the National Academy of Sciences“, го воделе Џејмс Грос, професор по психологија на Универзитетот Стенфорд и Џенифер Ларнер, професорка за јавна политика и менаџмент на Харвард, а тоа покажало дека водечките позиции се рамномерно поврзани со помалото ниво на стрес.

„Ние живееме како социјални суштества во слоевито друштво. Нашиот релативен статус во групата несразмерно влијае на нашата среќа и благосостојба“, коментира Грос.

Експертите од Стенфорд и Харвард ги анализирале количината на кортизол, хормоните за стрес, како и нивото на анксиозност на учесниците во истражувањето, во група која не е често предмет на студии- воени претставници.

Авторите велат дека е тешко да се утврди нивото на стрес бидејќи нивото на кортизол и анксиозноста не се автоматски поврзани, но велат дека откриле, дека тие два фактора укажуваат на тоа дека шефовите се под помал стрес и дека стресот е помал кога се има поголема моќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП