6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали вашата тежина е здрава? Направете го овој тест за 30 секунди...

Дали вашата тежина е здрава? Направете го овој тест за 30 секунди и дознајте!

96594_profimedia0176109102_630x0

Индексот на телесната маса (BMI) не е сосема сигурен начин да утврдите дали имате вишок килограми кои се штетни за вашето здравје.

Најновите истражувања покажаа дека една третина од оние кои имаат ризик да добијат некоја болест предизвикана од дебелеење, се сметаат за здрави според пресметката на индексот на телесната маса. Како тогаш да утврдите дали вашата тежина е здрава?

Наместо BMI и вага, би требалода ја земете во предвид разликата меѓу висината и обемот на стукот.

За овој едноставен тест потребни ви се само 30 секунди и само едно јаже. Доколку немате јаже можете да се послужите и со кројачко метро.

Исечете парче јаже со еднаква должина како и вашата висина, односно да можете да го протегнете од стапалата до врвот на главата. Превиткајте го јажето на половина и ставете го околу струкот. Ако можете да го заврзете јажето, тогаш сте личност која има здрава тежина. Ако краевите на јажето едвај се допираат или воопшто не се допираат, време е за диета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП