25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНавалете на „пегавите“ банани! Еве поради што се поздрави!

Навалете на „пегавите“ банани! Еве поради што се поздрави!

96708_banane-profimedia00869625001_630x0

Нема кој не ги сака бананите! Ова чудотворно овошје им е омилено на сите, без оглед на годините или кој бил друг критериум, а најмногу ги сакаат спортистите. Бананата својата популарност не му ја должи само на својот вкус, туку и на благодети по здравјето.

Просечната банана има околу 110 калории, богата е со калиум, манган, витамини Б6 и Ц, како и влакна. Не содржи холестерол и маснотии, а пасираната банана може да ја користите како замена за нездравиот путер.

Докажано е, пред сето ова, дека е помудро да изедете банана наместо било кој сладок енергетски напиток. Всушност бананата има подобро влијание врз нивото на допамин за разлика од било кој енергетски напиток, но го задржува високото ниво еден час после консумацијата на ова овошје. Инаку, допаминот е невротрансмитер кој директно влијае на нашето расположение.

И тоа не е се! Според една јапонска студија објавена во 2013. година, бананите кои што на својата кора имаат црни-кафени дамки, произведуваат супстанца, односно тумор некроза факторот (ТНФ) кој што ги уништува клетките на туморот. Значи колку што е кората потемна и повеќе прекриена со темни дамки, толку се помоќни и антиканцерогените вредности на бананата.

А после бурна ноќ и неколку чашки вино, бананите се одличен сојузник за решавање на мамурлукот! За тоа е заслужен калиумот од бананите, а лекарите препорачуваат една банана да изедете и пред спиење, а други пак по будењето. Мамурлукот ќе биде значајно намален на овој начин.

Лекарите и нутриционистите препорачуваат секојдневна консумација на една банана за подобро здравје и подобрување на имунитетот, а таа сигурно добро ќе дојде и во борбата со настинки и вируси кои следат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП