2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛауреатот од Берлин и Венеција, португалскиoт режисер Салавиза гостин во Битола

Лауреатот од Берлин и Венеција, португалскиoт режисер Салавиза гостин во Битола

лауреат

Годинава организаторите на Меѓународниот фестивал на филмската камера, соодветно на своето светско реноме ќе биде домаќин на уште едно во низата светски прославени имиња од кинематографијата – еден од најнаградуваните млади режисери во светот, Португалецот Жоао Салавиза, кој за своите два куси филма е добитник на престижните награди Златна палма во Кан за остварувањето „Арена“ (2009) и Златна мечка во Берлин за „Рафа“ (2012).

Присуството на Салавиза во Битола добива уше повеќе на значење доколку се знае дека токму Браќа Манаки ќе биде само вториот фестивал на кој ќе биде прикажан неговиот прв долгометражен филм „Планина, веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, која ќе се одржи подоцна во неделата.

Со филмот „Планина“, на 19-ти септември ќе биде отворена програмата „Нов европски филм“ што се воведува годинава на фестивалот во Битола. На 20-ти септември, во 12 часот ќе биде организирана средбата „Разговор со…“ во Малата сала на Центарот за култура.

На филмот „Планина“, 31-годишниот Салавиза соработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“ во 2012 година, ја доби наградата „Мала златна камера 300“ во Битола.

„Филмовите на Вијана импресионираат со едноставната структура и живата презентација на „малите“ секојдневни проблеми во животот. Во нив Лисабон не е сјајното место што го гледаме на туристичките реклами, туку во најголем фокус е предградието на Лисабон. Во сите негови филмови главните актери се тинејџери кои имаат проблем со слободата, а Салавиза е филозофот што покажува дека понекогаш луѓето што се на слобода се помалку слободни од оние со ограничена слобода. Во соработката со Вијана, Салавиза создава и повеќе од интелигентен визуелен свет заради што ни е повеќе од чест што гостува во програмата „Нов европски филм“, вели селекторот на програмата, Дејан Трајкоски.

Веднаш по промоцијата во Битола, филмот на Салавиза ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сан Себастијан.

Особено радува, истакнуваат организаторите, што Салавиза изрази желба да мине десетина дена пред почетокот на Фестивалот во Македонија, заедно со својата сопруга која му е воедно и асистентка по режија, и дел од нивниот меден месец да го поминат во Македонија.

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ се одржува секоја година во Битола. Организиран е од Друштвото на филмските професионалци, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, како и со поддршка на Министерството за култура, Агенцијата за филм на Македонија и Општина Битола. Официјален партнер е Вип оператор.

Стожер на фестивалската програма е категоријата„Камера 300“ ─ официјалниотнатпревар на долгометражни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа категорија добиваат: Златна камера, Сребрена камера и Бронзена камера.

Составен дел од Фестивалот се и програмите: „Нов европски филм“, „Сее Камера“ и Документарната програма. На „Браќа Манаки“ се организираат и работилници, семинари, промоции и изложби. Фестивалот ја доделува и Наградата за животно дело. Со својата впечатлива програма, која од година в година станува сѐ побогата, Фестивалот е атракција како за филмаџиите така иза филмофилите од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП