28 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКој се најпопуларни, а кој најдобри материјали за поплочување на двор?

Кој се најпопуларни, а кој најдобри материјали за поплочување на двор?

Еден од најчестите начини при уредување на дворот е поплочување на надворешните површини. Поплочените површини изгледаат уредно, едноставно се одржуваат и ја зголемуваат естетската вредност на екстериерот. За таа цел се користат различни материјали, секој со различни карактеристики. Се поставува прашањето – кој материјал е најдобар?

Поплочените површини се секогаш добро решение за уредување на дворот и градината. Една од најважните предности на поплочување, во споредба со асфалтирањето, на пример е, дека оштетената плоча или коцка едноставно може да се замени без потреба од промена на остатокот од површината. Истата предност ја имате и доколку треба да се стигне до одредена цевка под поплочената површина – плочите или коцките едноставно се отстрануваат, на тоа место повторно се израмнува теренот и повторно се поставуваат, во некои ситуации дури и истите плочки.

За кој материјал и да се одлучите, поплочувањето на двор се прави во две фази – подготовка на подлогата и поставување на материјали.

Најпрво се врши ископ на земја до одредена длабочина, се полни со тампон (фракции од песок до поголеми камчиња), со косина од 2,5% за да се цеди водата, потоа се поставува дренажна фолија за да не дојде водата до тампон слојот, потоа рабници и канали, како и дренажен слој од покрупен песок.

Поплочувањето се започнува од едно ќоше, така што се остава простор меѓу блоковите, коцките или плочи за фуги. 

Секој од материјалите за поплочување се разликува по изглед, физички карактеристики, начин на одржување и цена. Грубо, трошоците за набавка на материјали и поплочување, како и поставување на тампон подлога до дебелина од 50 цм, се движат околу 20 евра/м2.

Бетонски плочи за поплочување

Бетонските плочи имаат широк спектар на примени: се користат за тротоари, паркинзи, патеки, дворни и градинарски патеки…

Тие не мора да бидат во форма на четириаголник, денес на пазарот се појавуваат во различни форми – шестоаголници, триаголници… Бетонските плочи може да бидат перени – двослојни плочи каде површинскиот слој се измива под притисок, за да се изложи бетонската структура, давајќи им поприроден изглед; пескарени –плочи на кој им се отстранува и површинскиот слој, но со фино пескарење, што резултира со груба, не лизгаваповршина; мазни бетонски плочи кои имаат минималистички изглед и растери или тревни панели за оние кои сакаат да го зачуваат зеленилото во својот двор.

Бекатон плочи за поплочување

Тие спаѓаат во категоријата бетонски плочи, но поради нивните карактеристики често се издвојуваат како посебен материјал. Бекатон плочите се направени од цемент, со додавање на адитиви, т.н. пластификатори, кои придонесуваат за механичките карактеристики на плочите. 

Во последниве години, тие се исклучително популарни поради повеќе причини – ја следат конфигурацијата на теренот и можат да се прилагодат на мали промени, тие се долготрајни, имаат интересен изглед, а имаат и поволна цена. Ги има во повеќе бои, форми и дезени.

На пазарот може да се најдат и вибро пресувани бекатонплочи, кои се направени од бетонска смеса со помал процент на влага, во вибро преси, како и вибро лиени плочи кои се добиваат со истурање во ПВЦ калапи на вибро маси. Првиот начин на производство е почест.

Бекатон плочи може да изберете и според обликот на рабовите – тие можат да имаат прави, соборени или релјефни рабови. Плочите со прави рабови обезбедуваат еднолична површина и се погодни за движење на колички. Бекатон плочите со закосени рабови овозможуваат подобро одводнување, односно подобра дренажа на површинските води. Тие го нагласуваат обликот на секоја плоча. Бекатон плочи со релјефни рабови наликуваат на калдрма и формираат површини со рустикален изглед.

Плочки за надворешно поплочување

За поплочување на дворови може да се користат и гранитни коцки или керамички плочки за надворешни површини. Гранитните коцки се исклучително долготрајни, во минатото се користеле за поплочување на коловозните површини, пред појавата на асфалтот. Тие можат да се најдат во различни нијанси на сива боја. Гранитните коцки особено се користат при поплочување на закривени површини, односно, површини со неправилни форми.

Сепак, тие не се погодни за стрмни падини и влажни услови. 

Керамичките плочки за надворешна употреба може да се користат за покривање на надворешни површини како што се тераси. Ако сте се одлучиле за лепење плочки, за тоа ќе треба да издвоите околу 15 евра/м2.

Површината на надворешните плочки треба да биде груба, со што се обезбедуваат нивните анти-лизгачки својства. Плочките со груба површина имаат ознаки R10, R11, R12 и колку е поголем бројот до буквата R, толку е погруба површината. Доколку се користат за надворешна употреба, плочките треба да имаат ниво на апсорпција на вода помалку од 0,5%. Бидејќи, за разлика од внатрешните плочки, тие постојано се изложени на негативни влијанија како дожд, снег и температурни флуктуации, тие мора да бидат поотпорни и поцврсти. 

Што се однесува до естетиката, се препорачува надворешните плочки да бидат сивкасти за да биде помалку видлива прашината. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП