18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит и во Европа седмицата заврши со остар пад на цените

На Волстрит и во Европа седмицата заврши со остар пад на цените

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На европските берзи и на Волстрит цените на акциите во петокот забележаа остар пад, како реакција на состојбите во глобалната економија, намалените проекции за растот на економијата во еврозоната и благодарејќи на извештајот за вработеноста во САД, послаб од очекувањата, што не ја отстрани сосема неизвесноста по прашањето за зголемувањето на каматите од страна на американската централна банка.

На европските берзи цените на акциите во петокот остро паднаа. Така главните континентални индекси ги забележаа следните показатели, лондонскиот FTSE се лизна за 2,44 отсто, на 6.042 поени, франкфуртскиот DAX потона за 2,.71 процент, на 10.038, а парискиот CAC падна за 2,81 отсто, на 4,523 индексни поени.

На Волстрит, исто така, индексот Dow Jones се намали за 1,66 отсто, на 16.102 поени, индексот S&P 500 потона за 1,53 отсто, на 1.921 поен, а Nasdaq индексот падна за 1,05 отсто, на 4.683 индексни поени.

Во текот на целата измината седмица Dow Jones загуби 3,2 отсто, S&P 500 – 3,4, а индексот Nasdaq падна за 3 отсто.

Сите десет сектори од S&P 500 индексот во петокот загубија на вредноста, при што најмногу, за повеќе од 2 процента, потонаа акциите во финансискиот сектор.

Тоа е последица на несигурноста на вложувачите по мешаните сигнали од извештајот за вработувањето во САД, според кој во август бројот на вработени е зголемен за 173.000, значително помалку од јули и помалку од очекуваните 220.000. Меѓутоа, стапката на невработеноста паднала од 5,3 на 5,1 отсто, што е најниското ниво во повеќе од последните седум години, додека просечниот надоместок за час работа пораснала повеќе од очекуваното.

„Инвеститорите се збунети. Извештајот е во ред, но освен Fed (американската централна банка Federal Reserve), вложувачите ги загрижува и слабеењето на кинеската економија“, вели за Reuters Џон Аугустин, директор во компанијата „Huntington Trust“.

Во четвртокот и петокот во Кина не се работеше поради празниците, па инвеститорите беа поштедени од лошите вести од тамошните пазари, на кои од половината на јули акциите паднаа за околу 40 отсто поради забавувањето на растот на кинеската економија.

На Волстрит, пак, поради Денот на трудот во САД, нема да се работи во понеделник, па вложувачите нема да може да реагираат, доколку и тогаш продолжи падот на кинеските акции. Поради тоа, шпекулациите за тоа дека американската централна банка ќе го одложи зголемувањето на каматите до крајот на оваа или на почетокот од следната година, не успеаја да ги поттикнат пазарите.

По извештајот за вработеноста, трговците на терминскиот пазар сметаат дека постои само 20 отсто изгледи дека Fed каматите ќе ги зголеми уште во септември, додека пред извештајот изгледите за тоа се проценува на 30, а пред две месеци на 50 отсто.

„На седницата во септември Fed најмногу внимание ќе ѝ посвети на ситуацијата на глобалните пазари. Очекуваме дека ќе ги минимизира ризиците со пораките и одлуките дополнително да ги вознемири пазарите, бидејќи тоа би можело да ја загрози и онака кревката глобална економија и дополнително да ги ослаби пазарите“, вели Мохамед ел-Ериан, советник во „Alianz“.

Кога Fed, првпат од 2006 година, ќе ги зголеми каматите од рекордно ниските нивоа од околу 0 отсто, пазарот ќе ја загуби поддршката од евтините пари, што со години го поттикнуваше растот на акциите. Меѓутоа, дури и доколку Fed не ги зголеми каматите уште во септември, туку ја одложи ваквата одлука, мали се шансите за позначителен раст на акцијата, сметаат аналитичарите, бидејќи поради ослабувањето на кинеската економија се намалуваат и процените за приходите и заработките на компаниите.

Според новата анкета на Reuters, аналитичарите проценуваат дека компаниите од составот на S&P 500 индексот во третиот квартал од годинава ќе остварат 3,4 отсто помала добивка, отколку во истиот период минатата 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП