2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПостојано ги одложувате обврските? Како да ја промените таа навика?

Постојано ги одложувате обврските? Како да ја промените таа навика?

Tired business woman with documents in her workplace

Ако од ден на ден ги одложувате деловните задачи кои се натрупуваат со изговор „Ќе го направам тоа утре“ не си правите услуга на себеси, туку напротив. Наместо тоа прочитајте ги нашите совети и олеснете си ги работните денови.

Едноставно имате премногу работа

Организирајте го извршувањето на работата на поинаков начин. Мрзеливоста е обично главниот виновник за секое одложување. Сработете серија на мали задачи, потоа запишете што се треба дополнително да се сработи и закачете го на место кое ќе ви „боде“ во очи. Без оглед колкава е работата, вие морате да ја сработите, затоа не ја запоставувајте, чекор по чекор завршете ја.

Преморени сте

Секое попладне ве обзема заморот и поспаноста? Прошетајте малку или одморете го мозокот, на пример гледајќи некоја комедија, ова ќе ја зголеми вашата продуктивност на работа.

Недостиг на мотивација

Доколку парично не сте доволно мотивирани за навремено да ги завршувате обврските на работа, тогаш помогнете си самите на себе и своите задачи направете ги забавни. Не размислувајте за ниската плата, туку работете повеќе со цел во иднина да имате поголемо оправдување за да побарате покачување на платата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП