6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомор на рибите во езерото Мантово

Помор на рибите во езерото Мантово

pomor 3303

Голема еколошка катастрофа се случува на езерото Мантово, известија од Риболовниот клуб „Крап“ од Радовиш, чии спортски и рекреативни риболовци јавија дека на езерото Мантово се случува еден досега за ова езеро незабележан помор на риби.

Членовите на клубот по алармантните повици на теренот утврдиле дека огромен број парчиња риби пливаат изумрени на површината и со самите бранови донесени на брегот почнуват да се распаѓат од високата температура.

Според нив, станува збор за една од најголемата еколошка катастрофа на ова езеро, на која досега никој не реагирал до надлежните институции, овластените лица и правни субјекти.

Членовите на Риболовниот клуб „Крап“, кои досега имаат повеќепати донирано и го порибуваа езерото за враќање на рибниот фонд и негово претворање во допадливо место за спортски и рекреативен риболов, ги известиле надлежните институции, концесионерот кој стопанисува со рибниот фонд, инспекторатот, полицијата и другите институции.

Од риболовците кои го посетуваат тој терен се дознава дека ова се случува во последните три дена и дека ниедна иснтитуција досега од Мантово не земала примероци за да ја утврди состојбата, како и причината за угинување на рибите.

Риболовците апелираат веднаш да бидат преземени соодветни мерки со цел да се утврди причината за поморот на рибите, и да се најде евентуалниот сторител на овој непримерен чин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП