18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски компании ќе извесуваат во Русија

Македонски компании ќе извесуваат во Русија

aab

Денес, во организација на Македонско-руска стопанска комора се одржа прес конференција на која во присуство на претставници од бројни медиуми, извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора м-р Дејан Бешлиев говореше за новините во прилог на зголемување на македонскиот извоз во Руската Федерација. На прес конференцијата зеде учество и г-дин Кирил Бобров, во функција на трговски советник при Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, а присутни беа и претставници на македонски компании од млечната индустрија.

Извршниот директор на Македонско-руска стопанска комора, навраќајќи се на неодамнешната посета на официјална делегација на “Россељхознадзор” (Служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација), потсети дека делегацијата на руската служба во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, во текот на  јули оваа година  посети  15 македонски компании од млечната и месната индустрија, со цел проверка на македонските производни капацитети од овие две индустриски гранки, кои доколку ги задоволат потребите на стандардите на “Россељхознадзор”, ќе имаат можност да се стекнат со дозвола за извоз во Руската Федерација.

aac

“Согласно резултатите од контролата која на терен ја вршеа мешовити експертски тимови од Россељхознадзор и Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ”. изјави Бешлиев,  “во регистарот на компании на Россељхознадзор се веќе вклучени имињата на три македонски компании со четири производни единици  од млечната индустрија кои имаат дозвола за извоз во Руската Федерација, и целата територија на Евроазиската царинска Унија (во која влегуваат Руската Федерација Белорусија и Казахстан), а тоа се: Балканска млекара – Скопје, Бучен Козјак – Куманово, Здравје Радово производна единица Куманово и Здравје Радово – производна единица Струмица. Ова се имињата на трите македонски компании со четирите производни единици, за кои Россељхознадзор, непосредно по посетата, одлучи дека ги задоволуваат потребите и страндардите согласно руското законодавство.

Македонско-руската стопанска комора ја поздравува одлуката на Россељхознадзор. Ова е секако од посебно значење за македонската млечна индустрија и нејзиниот понатамошен развој, во правец на окрупнување на сточниот фонд и осовременување на производните капацитети” 

Во понатамошното обраќање, извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора г-дин Дејан Бешлиев, појасни дека  останатите 11 (единаест) производни капацитети кои биле опфатени при посетата на Россељхознадзор, се во процедура за избор и имаат рок од 60 (шеесет дена) за исправање на евидентираните, согласно руското законодавство,  забелешки и недостатоци, кои во вид на извештај се предадени од страна на Россељхознадзор кон Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ – АХВ. За понатамошниот процес на  следење на надминувањето на недостатоците и усогласувањата на македонските производни капацитети со барањата согласно руското законодавство,  со цел добивање дозвола за извоз во Руската Федерација, задолжена е Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ.

На денешната прес коференција присуствуваа претставници на првите три македонски компании од млечната индустрија кои веќе може да извезуваат во Руската Федерација:  г-ѓа Ани Спасовска,  генерален директор на Бучен Козјак Куманово;  г-дин Панделе Панделески, извршен директор на Млекара Здравје Радово и г-динот Барчин Сенсоилу, финасиски директор на Балканска млекара Скопје. Сите се согласија дека главната цел на македонските производители е излез на странски пазар и обезбедување на стабилен извоз, а секако дека за да се задоволат понатамошните потреби на производителите ќе значи и потреба од зголемување на сточниот фонд во Република Македонија, што е уште една добра страна за меѓусебните трговски односи.

“Вчера од страна на Македонско-руската стопанска комора, бевме официјално информирани дека за нас е веќе отворена можноста за извоз во Руската Федерација”, изјави Панделе Панделески – извршен директор од Млекара Здравје Радово. “Се чекаше на овој момент, работевме напорно со постојани инвестиции во подобрување на нашите ресурси, надминувањето на оваа административна пречка е од исклучително значење за идните планови, а секако и за сите нас кои сме во млечната индустрија, отворањето на патот кон Руската трпеза е извонредна можност за пласман но и понатамошен компаниски развој. “

 

  • Најава на присуство на македонски компании на сеамот Мир Питание 2015та во Москва.

На конференцијата и беше најавено одржувањето на саемот Мир Питание 2015   (Светот на храната) во Москва, каде Македонско–руската стопанска комора веќе 6-та година во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а согласно со програмата на Владата за промоција на македонското произвотство, организира учество и претставување на македонски компании, главно производители на овошје и зеленчук.

Оваа година саемот ќе се одржи од 13ти до 17ти септември, а учество ќе земат дваесетина претставници од вкупно 12 ( дванаесет) македонски комании.

Во организација на Македонско-руската стопанска комора, во рамки на саемот Мир Питание 2015, ќе се одржат две одделни „тркалезни маси“ со официјални претставници на Россељхознадзор во насока на појаснување во однос на извозот на македонските производи и со претставници на администрацијата на град Москва, со интерес за  воспоставување релации со македонските производители, со цел понатамошен увоз на овошје и зеленчук во Руската Федерација.

Еден вид на едукативен семинар ќе биде организиран и со претставници на Россељхознадзор, со цел појаснување и решавање на одредени прашања во врска со конкретна соработка на терен помеѓу македонските и руските компании. Очекуваниот резултат од ваквите активности е обезбедување на стабилен пазар во Руската Федерација за македонските производители, од кои се бара задоволување на трите есенцијални фактори:

  1. Гаранција за потекло на производи
  2. Гаранција за безбедност
  3. Гаранција за квалитет

 aaa

Македонско-Руската комора која во дел на активностите е насочена кон зголемување на извозот на македонски производи во Руската Федерација, оценува дека одлуката на “Россељхознадзор” по нивното директно запознавање со капацитетите во месната и млечна индустрија во Република Македонија, е од исклучително значење за започнување на извоз во овие гранки, а претставувањето на македонските производители на овошје и зеленчук на саемот Мир Питание во Москва е огромна шанса за поголема соработка со руските компании.

Сето ова ќе резултира со зголемување на вкупниот извоз на македонски производи во Руската Федерација.и со зголемување на финансиските резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП