4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаборавете го лифтот: Пет причини зошто би требало да се качувате по...

Заборавете го лифтот: Пет причини зошто би требало да се качувате по скали секој ден

Stepenice-620x350

Дали и вие спаѓате во големата група на луѓе која го чека лифтот, дури и за до третиот кат, или имате доволно спортски дух да се качувате по скалите?

Качувањето по скали е опција која доаѓа во предвид само кога лифтот е расипан, меѓутоа, денес се повеќе луѓе препознаваат колку добри нешта за здравјето и линијата носи овој вид на вежба.

Ви даваме пет причини зошто би требало да се качувате по скали секој ден:

Согорува повеќе калории од одењето или трчањето

Разни истражувања докажаа дека со овој начин на вежбање ќе загубите многу повеќе калории, отколку со пешачењето или трачањето. Можете да практикувате и трчање по скали, нормално доколку сте физички подготвени.

Го чува здравјето на срцето

Истражувањата веќе безброј пати потврдија дека вежбите го прават нашето срце поздраво, а со самото тоа и овој тип на активност ќе придонесе за здравјето на срцето.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Резултатите од студијата спроведена на Харвард потврдуваат дека редовната физичка активност, па така и искачувањето на скали, може да го намали ризикот од појава на мозочен удар. Испитаниците кои применувале искачување на скалила ги намалиле шансите за мозочен удар за 29 проценти.

Дава сила

Речии сите мускули се активни кога искачувате скалила, а тоа значи зајакнување на телото. За да ја направите оваа активност уште позабавна, при искачувањето не се држете за заштитната ограда туку мафтајте со рацете.

Едноставно е

За оваа активност не ви се потребни никакви дополнителни реквизити, секоја зграда има скалила па не морате да губите ниту време за да одите во теретани. Исто така не ви е потребна ниту посебна облека, потребна ви е само желба да го правите тоа секојдневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП