29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХјундаи го најави концептот ХНД-9

Хјундаи го најави концептот ХНД-9

Hyundai HND-9 1

Хјундаи за место на премиерата на својот нов концепт на спортското купе ХНД-9 го избра домашниот саем за автомобили во Сеул кој се оддржува од 29-ти март до 7-ми април.

За новиот коцепт беше задолжен центарот за истражување и развој на Хјундаи кој се наоѓа во Намјанг во Јужна Кореа. Како што стојат работите досега, концептот најавува ново спортско купе на оваа компанија (нормално без „пеперутка“ врати кои се наоѓаат на овој концепт).

Hyundai HND-9 11

За погон е избран 3.3 литарски В6 турбо мотор со директно вбризгување кој развива 370 кс, управуван со осмустепенски автоматски менувач со погон на задните тркала.

Повеќе информации за новиот автомобил на Хјундаи се очекуваат во наскоро време, но останува да се види дали тие ќе бидат објавени пред авто-саемот во Сеул или на самото претставување на концептот.

Hyundai HND-9 111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП