18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекумерното снабдување и Кина повторно се во фокусот на нафтените пазари

Прекумерното снабдување и Кина повторно се во фокусот на нафтените пазари

 

LEUNA, GERMANY - JANUARY 10: The TOTAL oil refinery is seen on January 10, 2007 in Leuna, Germany. Crude oil from Russia has stopped flowing to the PCK refinery since 6:00 AM January 8 due to a row between Russia and Belarus over how much Belarus should pay for Russian oil. Initial reports claimed Belarus had turned off the flow of crude oil through the "Druzhba" pipeline as a means to negotiate a better price. German oil reserves are still substantial, though Chancellor Angela Merkel announced her country must not depend too much on one source for its energy needs. (Photo by Katja Buchholz/Getty Images)

Цената на нафтата денеска падна на светските берзи под 49 долари со оглед дека фокусот на пазарите повторно е пренасочен на прекумерното снабдување и на стравувањето на нагло забавување на кинескиот економски раст.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 1,14 долари во однос на претходното затворање, на 48,91 долар, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 81 цент пониска цена, од 44,41 долар.

Цената на нафтата силно осцилираше минатата недела, нагло потонувајќи на почетокот на неделата под влијание на стравувањето од остро забавување на кинескиот економски раст за да на крајот на неделата поддршка им пружи остриот пад на залихите во САД и силниот раст на американската економија во вториот квартал.

„Осцилациите во минатата недела беа силни, а сега цените се враќаат на нивоата од претходниот период“, толкува Оливие Јакоб од Petromatrix.

Кина и натаму е во фокусот на вниманието, а кинеските берзански индекси остро паднаа во понеделникот во пресрет на објавата на службеното истражување за активностите во кинеската индустрија во август, за која аналитичарите опфатени со анкетата на Reuters предвидуваат дека ќе покаже најсилен пад за три години.

Цената на нафтата е под притисок и од прекумерното снабдување, поврзано со зголеменото американско производство и настојувањата на Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) во таква атмосфера да го брани пазарниот удел со зголемено производство, па и во контекст на остриот пад на цените.

Прогнозите на OPEC покажуваат дека понудата  моментно ја надминува побарувачката за над два милиони барели дневно. Притоа производството на ниво на нафтениот картел во наредната година би можело да биде дополнително зголемено по укинувањето на санкциите на Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП