20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСпецијално признание за академик Василевски на 10-от меѓународен Новосадски книжевен фестивал

Специјално признание за академик Василевски на 10-от меѓународен Новосадски книжевен фестивал

vasilevski 22

Наградата што го носи името на главниот град на Војводина му беше годинава доделена на истакнатиот француски и европски поет (и уредник во најреномираното француско книгоиздателство „Галимар”), Гиј Гофет, а Посебното признание за вкупен придонес во развивањето на српско-македонските книжевни врски му беше врачено на македонскиот истакнат поет и преведувач, академик Ристо Василевски.

Во пресрет на фестивалот беше објавен каталог со исцрпни податоци за сите учесници, а според традицијата, веднаш по неговото завршување ќе биде објавен и специјален број на угледната книжевна ревија „Златна греда” во кој ќе бидат објавени сите излагања на симпозиумите, од кој еден му беше посветен на преведувањето на поезијата, а секој поет ќе биде застапен со по десет песни и со исцрпна био-библиографија.

Во војводинската престолнина Нови Сад, од 24-ти до 28-ми август се одржа Десеттиот меѓународен книжевен фестивал. На Фестивалот учествуваа околу сто домашни и странски писатели, поети и есеисти, а особена нагласка беше ставена врз поезијата, со посебно претставување на современата француска поезија.

Секој поет доби еднаков простор и секому од нив му беше дадено доволно време да ѝ се претстави на мошне избирливата книжевна публика, и на својот роден јазик и во превод на српски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП