21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина познатиот режисер на хорор филмови Вес Крејвен

Почина познатиот режисер на хорор филмови Вес Крејвен

Imageе333

Американскиот мајстор на филмовите на стравот и ужасот Вес Крејвен, режисер на култните серии филмови „Вресок“ и „Стравот во Улицата на брестовите“, почина на 76 години, објави неговото семејство.

„Со тага ве известуваме дека Вес Крејвен почина во неделата од последиците на туморот во мозокот“, се вели во соопштението на семејството на режисерот. Умрел во својот дом во Лос Анџелес „окружен со семејството“, во прв ред неговата сопруга продуцентката Ија Лабунка. Покрај неа, крај Крејвен биле и синот Џонатан со снаата Нина Тарнавски и ќерката Џесика.

Сними повеќе од осум верзии на „Стравот во улицата на брестовите“, а 1980-те години неколку епизоди од култната научнофантастична серија „Зона на самракот“, како и четири продолженија на култниот филмски хит „Вресок“.

Режисер и сценарист, Весли Ерл „Вес“ Крејвен важеше и за откривач на таленти. Избирајќи ги актерите за „Стравот во Улицата на брестовите“ го забележал тогаш сосема анонимниот Џони Деп, а едни од нивните први улоги им ги доделил и на Шерон Стоун во „ „Deadly Blessin“ и на Брус Вилис во епизода од серијалот „Зона на самракот“.

„Денеска светото изгуби голем човек, мојот пријател и ментор Вес Крејвен“, напиша на Twitter Кортни Кокс, една од хероините во „Вресок/Крик“

По потекло од Охајо, од семејство на доследни баптисти, Крејвен студирал англиска книжевност на христијанскиот колеџ во Витон, Илиноис. Подоцна студирал психологија и филозофија, здобивајќи се со магистерскиот степен.

Живеејќи во Њујорк по разводот со Бони Боекер, мајката на неговите деца, во прво време работи како таксист а во 1971 година откако претходно е ангажиран како режисер на звукот го снима првиот филм во тандем со режисерот Шон Канингем.

За својата работа на филмот освојувач е на десетина награди и признанија на разни филмски фестивали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП