2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗавршија Струшките вечери на поезијата

Завршија Струшките вечери на поезијата

struski-veceri

Со врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата заврши 54. издание на Струшките вечери на поезијата.

Признанието „Златен венец“ на годинашниот лауреат кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник му го додели претедателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски.

Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на млад странски автор на шпанската поетеса Паула Бозалонго и ја враќи директорот на фестивалот Мите Стефоски, „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на поетесата Виолета Танчева-Златева и ја врачи претседателот на жири-комисијата Зоран Анчевски.

Традиционално на полноќ беше прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“ за најдобра песна на млад автор од Македонија, која годинава и припадна на поетесата Афродита Николова за песната „Во налетот на ветрот“.

Највисокото признание на фестивалот „Златниот венец“ се состои од филигрански изработен лавров венец.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг настапија и поети од разни страни на светот, а Струга деновиве по 54-ти пат беше престолнина на поезијата Педесет и четвртиот поетски фестивал свечено беше отворен во средата со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“, палење на фестивалскиот оган и поетското послание на Адонис пред Домот на поезијата во Струга. На 54. издание на Струшките вечери на поезијата учествуваа над 40 поети од 29 земји.

Поетските читања денеска се преселуваат во Скопје. Поетско матине ќе с еодржи во манастирот „Свети Андреја“ на Матка и на Плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост. Лауреатот на СВП Беи Дао ќе биде примен во Друштвото на писателите на Македонија, каде ќе биде прогласен за почесен член.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП