31 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„РАБОТИ ПОВЕЌЕ ИЛИ БЕГАЈ ОД ТЕСЛА“: Инвеститорите бесни на Илон Маск

„РАБОТИ ПОВЕЌЕ ИЛИ БЕГАЈ ОД ТЕСЛА“: Инвеститорите бесни на Илон Маск

Дванаесет големи пензиски фондови, кои заедно управуваат со средства вредни 950 милијарди долари, испратија отворено писмо до Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, барајќи од него да се посвети повеќе на работата и да поминува најмалку 40 часа неделно работејќи во компанијата.

Во писмото, инвеститорите изразуваат загриженост поради нестабилноста на цената на акциите на „Тесла“, падот на продажбата, обвинувањата за кршење на човековите права и, како што велат, влошувањето на угледот на компанијата низ целиот свет.

Се вели дека многуте обврски на Маск во други фирми се мешаат во неговиот фокус, а одборот на директори на „Тесла“ е обвинет дека е „незаинтересиран и неспособен да ги заштити интересите на акционерите бидејќи тоа не бара целосна посветеност на Маск на „Тесла“.

Исто така, фондовите бараат во идните договори за надомест на Маск, експлицитно да се вклучи минимална работна обврска од 40 часа неделно.

Од својот врв во декември 2024 година, акциите на „Тесла“ паднаа за повеќе од 24%, делумно поради политичките активности на Маск, вклучително и улогата во администрацијата на Доналд Трамп.

Во мај 2025 година, Маск призна дека неговите политички активности имале негативно влијание врз Тесла и најави дека ќе го прави тоа помалку во иднина. На Економскиот форум во Катар на 20 мај, тој изјави:

-Планирам да останам на чело на Тесла уште најмалку пет години – освен ако не умрам.

Во писмото, инвеститорите побараа и креирање план за наследување, вклучувајќи стратегија за вонредни состојби, како и ограничувања за членовите на одборот на „Тесла“, за да не бидат истовремено членови на премногу други одбори.

Во писмото се критикува самиот одбор на „Тесла“:

-Загриженоста за лошото корпоративно управување во Тесла станува сè поизразена, особено откако компанијата усвои амандман на статутот што дополнително ја ограничува можноста на акционерите да ги сметаат директорите одговорни за прекршување на фидуцијарната должност.

Меѓу потписниците се Американската федерација на наставници, државните трезори на Орегон и Илиноис, како и финансискиот контролор на Њујорк, но сите заедно поседуваат само 0,25% од Тесла, што го ограничува нивното директно влијание врз бизнисот, пишува Кварц.

Маск, покрај Тесла, ја води и компанијата Space X, е технички директор на компанијата X Corp., претседател на Фондацијата Маск и често објавува содржини на мрежата X, која ја купи во 2022 година.

На почетокот на 2025 година, Маск се пресели во Белата куќа, каде што ја советува администрацијата на Трамп како раководител на Одделот за владина ефикасност (DOGE) – името на одделот е инспирирано од криптовалутата Doge, која Маск често ја споменува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП