4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДневната дремка може да спаси животи

Дневната дремка може да спаси животи

afternoon-nap

Дневното кусо придремување може „да спаси животи“, бидејќи благодарејќи нему кај луѓето се намалува ризикот од срцев удар, пишува The Telegraph повикувајќи се на студијата што ја спровеле истражувачите од грчката клинка „Asklepieion Voula“.

Според др Манолис Калистратос, кој раководел со истражувањето, високиот крвен притисок во помал степен ги оштетува крвните садови и срцето на оние кои сакаат да подремат во попладневните часови.

Грчките научници испитувале околу 400 жени и мажи чија просечна возраст била 61 година, кои страдале од висок крвен притисок. Утврдиле дека кај оние кои одделуваат извесно време да одремат преку денот, притисокот се намалила подоцна за околу пет проценти.

Тоа е доволно за да има значително влијание врз бројот на срцевите удари, сметаат научниците. Другите показатели, особено за пулсот, кај дневните спијачи биле подобри отколку кај оние коишто претпочитаат целиот ден да останат на нозе. Кај оние чијашто дневна дремка траела подолго време, на пример по повеќе од еден час дневно, резултатите биле најоптимални.

Калистратос дневната дремка ја нарекува „навика од минатото“, којашто, според неговото мислење, траба да се интегриран во современиот начин на живеење. „Дневната дремка стана привилегија за елитата поради работната култура, што подразбира нормиран графикон на дневни активности и интензивна работа секојдневно“, жали докторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП