18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛокални специјалитети на Велосипедската прошетка низ Струмичкото Поле

Локални специјалитети на Велосипедската прошетка низ Струмичкото Поле

pole strumicko2222

На 13-ти септември низ Струмичкото поле ќе се одржи велосипедска прошетка на којашто учесниците ќе имаат можност од почетокот до крајот на прошетката да ги вкусат локалните специјалитети и да си ја надополнат силата за возење велосипед.

„Струмичкото поле е познато по земјоделските производи, и би било штета да имаме гости, а да не пробаат нешто од нашите специјалитети. Сметаме дека Струмица е прекрасна велосипедска дестинација која нуди и лесни рути и рути со предизвик за љубителите на велосипедизмот. А велосипедската прошетка по ручекот се познава и Струмица има што да понуди“, вели Димитар Манишев, претседател на Велосипедскиот клуб Актив од Струмица.

Учесниците на велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкото поле“ ќе имаат можност да пробаат свежо струмичко овошје обезбедено од „Агрофруктус“, ручек подготвен на струмички начин обезбеден од Општина Струмица и вкусните струмички еклери од „Слаткарница Ресана“.  За освежувањето на учесниците се грижи струмички „Грозд“ со нивниот познат безалкохолен пијалак „Струмка“.

Освежувањата и окрепнувањата на учесниците се предвидени на локалитетите со културно значење, како Гробот на Струма, манастирот во Водоча, манастирот во Вељуса, местото Манастирите во Ангелци. На овие локалитети ќе има и кустоси кои ќе се погрижат да оваа велосипедска прошетка има образовен карактер. За таа цел соработка се остварува со Заводот и музеј од Струмица.

Настанот предизвика интерес и во соседните земји. Учесници има веќе потврдено од Србија и Бугарија. Екипата од Бугарија, пак ќе допатува со возење велосипед од Бугарија до Струмица за да учествува во Велосипедската прошетка.

Велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкото Поле“ е настан кој меѓу другото сака да го промовира велосипедизмот како семејна активност. Затоа подготвени се две рути, една рамна рута за секој кој сака да учествува, па дури и со градски велосипед, и една висока рута за велосипедистите кои сакаат предизвик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП