1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпазливост на азиските берзи, забавен падот на кинеските акции

Претпазливост на азиските берзи, забавен падот на кинеските акции

Chinese stock investors check their share prices at a security firm in Wuhan, central China's Hubei province on September 16, 2011. Chinese shares closed up 0.13 percent. The Shanghai Composite Index, which covers both A and B shares, gained 3.29 points to 2,482.34 on turnover of 49.6 billion yuan ($7.8 billion).   CHINA OUT AFP PHOTO (Photo credit should read STR/AFP/Getty Images)

На повеќето азиски берзи денеска паднаа цените на акциите, бидејќи ниту олабавувањето на монетарната политика на кинеската централна банка не го запре лизгањето надолу на тамошните берзански индекси. Нафтата благо расте, а доларот и натаму е под притисок.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус околу 1,1 отсто, додека цените на акциите на берзите во Хонгконг и во Сеул пораснаа меѓу 0,2 и 1,4 отсто. Меѓутоа, берзанските индекси во Сингапур, Сиднеј и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,5 проценти, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше претпладнето во минус од 0,2 отсто, повторно тргнувајќи кон најниската вредност во последните три години.

Кинеските берзански индекси во неколку наврати претпладнево се пробија во позитивните области, но сепак подоцна водечкиот индекс во Шангај се лизна за повеќе од 1,5 отсто, бидејќи вложувачите стравуваат дека новите мерки на монетарните власти во Пекинг не се доволни за да се направи пресврт во трендот на забавувањето на растот на кинеската економија.

Во вторникот кинеската централна банка ги намали клучните каматни стапки за 0,25-процентни поени, на 4,6 отсто, додека стапката за издвојување на задолжителните резерви на големите банки ја намали на 18 отсто. Со тоа на кинеските финансиски пазари ќе бидат инјектирани повеќе од 100 милијарди американски долари. Што треба да го поттикне кредитирањето и растот на економијата.

Со тоа, иако надолниот тренд на цените на кинеските акции не е запрен, сепак е забавен, имајќи предвид дека во првите два дена од оваа седмица кинеските индекси потонаа за 16 отсто, нурнувајќи се на најниските нивоа од ланскиот декември.

Одлуките на кинеската централна банка од вторникот го поттикнаа растот на акциите на светските берзи, но еуфоријата брзо спласна, па на Волстрит берзанските индекси го завршија тргувањето во минус шести ден по ред. Притоа индексите Dow Jones и S&P 500 првпат по четири години се лизнаа во „областа на корекцијата“, односно 10 отсто по нивното претходно највисоко ниво.

Тоа е последицата од ненаклонетоста на инвеститорите кон поризични вложувања, бидејќи стравуваат од нагло забавување на растот на кинеската економија. Повеќето аналитичари сметаат дека таа оваа година нема да порасне за повеќе од 7 отсто, колку и што планираше владата во Пекинг, и дека растот би можел да биде најбавниот во последните 25 години.

Поради тоа деновиве, некои земји, коишто се поизложени на кинеската економија, како што е на пример Индонезија, ги намалија процените за растот на бруто домашниот производ (БДП).

Некои рударски компании, како австралиската „BHP Billiton“ ги намалија процените од приходите и заработката, бидејќи очекуваат слабеење на побарувачката на сировини, имајќи предвид дека Кина е најголемиот светски потрошувач на сировини.

А по остриот пад на почетокот од седмицава, цените на сировините последните денови се стабилизираа на најниските нивоа во последните шест ипол години. Цената на бакарот, која служи како своевиден барометар за побарувачката во светот, се врати, пак, над нивото од 5.000 долари за тон, под којашто, првпат по шест ипол години падна во понеделникот.

На лондонската берза на нафта, цената на барел од марката Brent во средата претпладне се движеше околу 43,40 долари, или околу еден долар над најниското ниво кое го забележа во 2009-та година од 42,33 долари, на којашто падна во понеделникот.

А на валутните пазари американскиот долар и натаму е под притисокот, бидејќи стивнаа очекувањата дека американската централна банка (Federal Reserve – Fed), уште во септември ќе ги зголеми клучните каматни стапки. Така во средата претпладнето курсот на доларот се движеше околу 119,50 јени, додека во вторникот во истото време изнесуваше 120 јени. Во однос на еврото, пак, доларот благо закрепна, па цената на еврото благо се лизна од вчерашните 1.1529 на 1,1495 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП