3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтстранување диоптрија во Систина Офтамологија: Сведоштво на Амбасадорот на Словачка

Отстранување диоптрија во Систина Офтамологија: Сведоштво на Амбасадорот на Словачка

bezak martin ambasador

„Леснотијата со која ги фокусирав стрелките на часовникот за мене беше незаменливо чувство“

Неговата екселенција Мартин Безак – амбасадор на Словачка во Македонија, говори за своето лично искуство по ласерската корекција на видот во Систина Офталмологија.

„Чувството да го вратите видот во неговата првобитна форма е незаменливо. Долги години се справував со кратковидоста, а со текот на годините и одблиску почна да ми ослабува видот, па бев принуден да користам очила како за далеку, така и за блиску. Секој што го има истиот проблем знае колку е исцрпувачко и фрустрирачко чувството постојано да зависиш од очилата. Кога прв пат слушнав за новите методи за справување со проблемите со видот во Систина Офталмологија, не се двоумев многу да закажам термин и подетално да се информирам за можната интервенција. Комодитетот интервенцијата да ја направам во Македонија дополнително ми го олесни донесувањето на одлуката, бидејќи како амбасадор на Словачка во Македонија имам професионални обврски што се примарни и на високо ниво, па отсуството од работа за приватни потреби секогаш ми претставува тешкотија“, вели амбасадорот.

„Морам да признаам дека во почетокот бев делумно скептичен и не ми беше сеедно кому ќе му ја дадам довербата, посебно затоа што се работи за еден од најчувствителните органи, очите. Но од првиот контакт со д-р Билјана Костовска впечатокот што ми го оставија во Систина беше повеќе од позитивен, па двоумењето исчезна и веднаш станав сигурен дека морам да ја направам интервенцијата“, додава тој.

„Целото искуство не беше нималку непријатно, имав силна доверба во тимот и целиот процес траеше зачудувачки кусо и што е најважно – безболно. Првото прашање што ми го поставија докторите по интервенцијата беше колку е часот, а леснотијата со која ги фокусирав стрелките беше незаменливо чувство, едноставно не ми се веруваше дека за толку кусо време и на толку едноставен начин работите драстично се сменија. Денес, кога не треба да ги менувам очилата – да ги ставам те тие за блиску, те тие за далеку, сфаќам со колава леснотија можам да ги завршувам професионалните, но и секојдневните обврски. Свесен сум дека придобивките од оваа интервенција се огромни, а тоа ми дава право да ги охрабрам сите оние што би сакале засекогаш да се ослободат од очилата – да ја прифатат оваа краткотрајна интервенција, која чуда прави“, сведочи Безак.

„Би сакал да ја изразам и мојата огромна благодарност до целиот тим за дадената професионална нега и грижа. Резултатите се подобри од очекуваното и верувам дека и понатаму ќе продолжат со истото темпо на работа и ќе им помогнат на многумина други како мене“, заврши амбасадорот на Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП