5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, кинеските пак во минус, нафтата и доларот надоместија дел...

Азиските берзи пораснаа, кинеските пак во минус, нафтата и доларот надоместија дел од загубата

Nikkei Dives More Than 3%, Closing At Lowest Level In More Than 2 Yrs...epa01223633 REPEATING WITH CORRECT YEAR: Japanese businessman watches electronic stock index board as Nikkei stocks plummet,  Tokyo, Japan, 16 January 2008. Tokyo stocks closed Wednesday, down 468.12 points, at 13,504.51, due to stronger yen and credit concerns due to U.S. mortgage meltdown.  EPA/EVERETT KENNEDY BROWN

На азиските берзи цените на акциите се оддалечија од најниското ниво во последните три години, меѓутоа и натаму се тргува несигурно бидејќи кинеските берзански индекси дополнително паднаа откако последните три дена потонаа за 15 отсто, а американскиот долар успеа да надомести дел од загубите од претходните денови, како и цената на нафтата.

На Токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување по средноевропско време беше во плус од 0,5 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Јужна Кореја, Сингапур и Австралија скокнаа меѓу 0,6 и 2,5 отсто. Иако во Кина берзанските индекси дополнително паднаа за повеќе од 4 отсто, индексот MSCI на азиско-пацифичките акциите, без јапонските, во вторникот во 7,30 часот по средноевропско време беше во плус од 1,7 отсто, оттргнувајќи се од најниското ниво од јули 2012-та година.

На почетокот од вторничното тргување азиските пазари продолжија со надолната линија, по остриот пад од понеделникот, меѓутоа набрзо насоката на цените на акциите се промени, па почетните загуби беа надоместени.

„Изгледа дека вложувачите помалку се охрабрија по паничната распродажба последните денови во којашто остро паднаа цените на акциите, дури и на оние компании кои имаат малку врска со Кина. Оттаму, купуваат акции кои ги сметаат за потценети по вчерашниот остра пад“, вели во анкетата на Reuters Јукино Јамада стратег во брокерска куќа „Daiwa Securities“.

Поттикнувачки на пазарите влијаеше и растот на американските термински индекси за 2 отсто, што значи дека на Волстрит во вторник попладне по средноевропско време цените на акциите би можеле да растат, откако ден претходно потонаа за повеќе од 3,5 отсто, најмногу во речиси четирите последни години.

И цените на сировините надоместија дел од понеденичките загуби. Откако вчера падна за повеќе од 6 отсто, на најниското ниво во шест ипол години, во вторникот претпладне цената на нафтата на американскиот долар порасна за еден долар, на 38,75 долари за барел. На лондонскиот пазар, пак, цената на барелот порасна од вчерашните 42,23 на 43,20 долари.

А на валутите пазари во претпладнево американскиот долар малку закрепна по остриот пад од понеделникот. Вчера курсот на американската валута се стрмоглави од 122 на само 116,15 јени, што е најниското ниво во седум месеци. Во утрово, пак, се движи околу 120 јени. Доларот надомести и дел од загубите во однос на еврото, чија цена утрово се лизна на 1,1530 долари, откако изминатата ноќ достигна вредност од 1,1715 долари, највисокото ниво во последните седум месеци.

Доларот е под притисок, бидејќи инвеститорите прибежиште за нивниот капитал бараат во инвестициите кои ги сметаат за сигурни во несигурните времиња, а тоа меѓу другите се јенот и еврото. Исто така, негативно врз доларот влијаат и сé почестите убедувања кај вложувачите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed), поради кинеските турбуленции, ќе го одложи зголемувањето на клучните каматни стапки до крајот на оваа или почетокот на идната година. Така, на пример, аналитичарите на банката „Barclays“, кои очекуваа зголемување на каматите во САД во септември, во понеделникот порачаа оти веруваат дека Fed тој потег ќе го одложи до март 2016-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП